Економија
Битола се промовира во репрезент на развојот на стопанството и намалување на невработеноста

Индустриската зона Жабени со досегашниот развој 32 инвеститори, 49 продадени парцели и издадени три одобренија за градба е вистинска потврда на заложбите на локалната самоуправа во Битола за решавање на проблемот со невработеноста, рече во четвртокот заменик министерот за економија Христијан Делев.
Заменик министерот за економија и градоначалникот на општина Битола, остварија средба со претставниците на бизнис заедницата во Битола. Темата на средбата беше стопанството во Пелагонискиот регион. Посебен акцент на средбата беше ставен на развојот на индустриската зона Жабени, можностите за вработување и условите за развој на стопанството.
„На овој состанок со бизнис заедницата во Битола разговараме околу новите програми, односно околу можностите што се нудат во економските зони, како и програмите на Владата за развој на малите и средните претпријатија. Исто така, сакаме да слушнеме и кои се проблемите што ги имаат нашите бизнисмени со цел лоцирање на областа во која ние можеме да помогнеме”, рече Христијан Делев, заменик министер за економија.
На средбата беше истакнато и значењето на Бизнис старт ап центарот и бизнис инкубаторот каде што над 200 фирми во изминатиот период имаа одреден бенефит, а 80-90 отсто веќе функционираат самостојно. Беа разгледани, исто така, и другите потенцијали со коишто располага локалната самоуправа со цел обезбедување нови и подобри услови за нови вработувања.
„Со цел подобрување на можностите за вработување сакаме да поразговараме со бизнис секторот. Всушност, сите наши активности изминатиов период произлегуваат од тој концепт. Имено, знаете дека имаше еден голем проблем којшто го наследивме како локална самоуправа, а кој локалната самоуправа самостојно не може да го реши – невработеноста. Токму затоа се зафативме со еден концепт кој значи вклучување на сите капацитети и ресурси за решавање на проблемот со невработеноста. Општина Битола е една од водечките општини која создаде услови за инвеститорите со цел решавање на овој проблем. Тука имаме една голема предност затоа што 400 нововработени граѓани работат во една од најголемите фабрики во Индустриската зона Жабени – Кромберг и Шуберт”, рече на средбата со стопанствениците од градот, градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
100.000 во твојот џеб за 15 минути! Сѐ што ти треба,на дофат на рака со Mint Visa Card

Во светот каде времето е сѐ поважно, Mint Visa картичката доаѓа како одговор на потребата за брз и едноставен пристап до финансии. Процесот на аплицирање е целосно дигитален и трае само неколку минути, по што одобрените средства се веднаш достапни на картичката. Ова ги елиминира долгите чекања и сложената документација, овозможувајќи им на корисниците да ги решат своите финансиски потреби веднаш.
Со Mint Visa од 100.000 денари преку Mint Credit, конечно имаш картичка што го следи твоето темпо – спремна за само 15 минути. Брзо. Безбедно. Секогаш достапно.
Mint Visa картичката ти стои на располагање 24/7. Аплицирај денес и добиј ја твојата Mint Visa.
• 100.000 денари достапни веднаш.
• Без депозити, без бескрајни формулари.
• Потполно онлајн преку One ID – каде и да си.
Зошто Mint Visa?
• Смарт шопинг – Плати безбедно на сите интернет продавници.
• Спонтано патување – Резервирај билети и хотели брзи и едноставно.
• Секојдневна сигурност – Подготвен си за сите непланирани трошоци.
• За 15 минути си спремен да купуваш – Онлајн, во продавници, каде и да си.
Заборави на комплицирани процедури и бесконечна документација. Со Mint Visa, добиваш пристап до 100.000 денари, точно тогаш кога ти се најпотребни – за што и да посакаш.
Без чекање. Без хартија. Без нервози. Само сигурен пристап до средства, токму кога ти требаат.
Добиј ја твојата Минт виза картичка во една од нашите филијали или преку Mint Credit платформата или јави се на 15 107 за повеќе информации.
ПР
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците не забораваат дека СДС им ветуваше златна жетва, а им донесе троскот во класата

СДС последни имаат право да зборуваат за земјоделството и субвенциите, бидејќи токму нивните погубни политики доведоа до хаос, неправда кон земјоделците и партизација во аграрниот сектор.
Во времето на СДС субвенциите не беа поддршка за земјоделците, туку алатка за политичка уцена и партиски рекет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Контрадикторно е, велат од партијхата на власт, СДС да глуми загриженост за земјоделците и да се фали со енормен буџет во 2023 година, кога токму тие оставија неисплатени субвенции кон земјоделците.
„Во времето на СДС субвенциите беа како лотарија, добиваше оној кој имаше партиска книшка или имаше близок во општината. Руралниот развој се сведуваше на развој на руралните џебови-нивни.
Земјоделците не забораваат. Знаат кој им ветуваше златна жетва, а им донесе коров во класата.
За разлика од погубната политика на СДС, по доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ, уште во септември беа обезбедени дополнителни 2 милијарди денари, токму за исплаќање на заостаните обврски за 2023 година за кои Љупчо Николовски тврди дека ги имале за земјоделците, кој воедно и молчи дека финансиската поддршка за земјоделците за 2024 година, проектирана од негова страна изнесуваше 5,9 милијарди денари.
На крајот на 2024 година, благодарение на оваа Влада, повторно се обезбедија дополнителни 1,4 милијарди денари со што финансиската поддршка за 2024 година изнесуваше 8,4 милијарди денари, што е највисока во изминатите неколку години.
Средствата за земјоделците не се скратени, изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се грижи за земјоделците“.
Лагатакако што додаваат, оди дотаму, што СДС пласира и невистини дека се намалуваат средствата за Програмата за рурален развој.
Со ребалансот на буџетот, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедат 480 милиони денари и за Програмата за рурален развој.
Економија
Поголема вклученост на институциите за поддршка на економијата – Славески со Стопанската комора

Народната банка е доследна во одржувањето на макроекономската стабилност како најсоодветен амбиент за водење бизнис и создавање поволни услови за раст и развој на домашната економија. За таа цел, централната банка секогаш води соодветни политики, коишто гарантираат стабилни и предвидливи услови. Ова беше посочено на денешната работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, којашто се одржа во просториите на Комората, во присуство на членови на Управниот одбор на Комората и на претставници на медиумите.
Банкарскиот сектор е стабилен, со историски висока капитална адекватност, што претставува значаен потпорен столб за економската стабилност и за економијата во целина. Во интерес на унапредувањето на финансиската вклученост и за зголемена ефикасност на банкарските услуги, Народната банка веќе ги преземе првите активности за намалување на надоместоците кај одделни банкарски услуги. Активностите ќе се одвиваат и понатаму, со цел да се унапреди пристапот до финансиските услуги за граѓаните и за компаниите.
Во рамките на денешната работна средба беше истакнато дека девизните резерви се стабилни и се движат меѓу 4,6 и 4,7 милијарди евра. Тоа претставува соодветно ниво, со оглед на тоа што резервите покриваат околу 4,5 месеци од увозот на стоки и услуги, односно над светскиот стандард од 3 месеци. Управувањето со резервите се врши внимателно, согласно утврдените принципи на сигурност и ликвидност, со постојан надзор од стручните служби на Народната банка.
Средбата заврши со заедничка оцена дека е неопходна поголема вклученост на институциите за поддршка на економијата, преку редовен и отворен дијалог, како и носење економски политики што се насочени кон реалните предизвици на деловната заедница.