Економија
Министерот Сараќини посети локација во кумановско каде се експлоатира варовник
Министерот за економија Ваљон Сараќини, заедно со директорот на Државниот инспекторат за техничка инспекција Екрем Буњаку, во петок го посетија локалитетот „Краста”, во општина Куманово, каде што се врши експлоатација на минерална суровина варовник.
Целта на посетата, како што информираат од Министерството за економија, беше да се направи увид на терен и да се апелира до концесионерите за навремено плаќање на концесиските надоместоци и претстојните засилени контроли за нелегална експлоатација на минерални суровини.
„Денеска сме во посета на локалитетот Краста, општина Куманово, каде што неодамна беше доделена концесија за експлоатација на минерална суровина варовник, чиј концесионер е ‘Бетон Про’, кој во 2012 година склучи договор за експлоатација со Министерството за економија даден за период од 30 години”, истакна Сараќини.
Тој додаде дека во конретниот случај станува збор за домашен инвеститор, а со измените на Законот за минерални суровини се донесоа многу нови инвеститори во Република Македонија во рударството, како домашни, така и странски, од кои бенефит има и државата и локалната самоуправа, но и локалното население, поради отварањето на нови работни места во овие инвестиции.
Имено, во 2012 година вкупно се доделени 36 концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини и 41 концесии за експлоатација на минерални суровини, а во 2013 година 5 концесии, додека по основ на концесиски надоместок, за доделување на концесии за детални геолошки истражувања во 2012 година платени се 34.488.000 денари, а за простор и експлоатација за 2012 година платени се 454.935.879 денари. Согласно Законот за минерални суровини, 78 отсто од надоместокот оди во Буџетот на општините, а 22 отсто од вкупно платените средства се влеваат во Буџетот на Република Македонија..
Во насока на пресретнување на потребите на бизнис секторот, Министерството за економија изработи нов Закон за минерални суровини со цел, создавање на подобри услови за вршење на детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини и создавање на конзистентна правна рамка која ќе кореспондира со реалните потреби.
Според Сараќини, причините за негово донесување се наоѓаат во зголемениот интерес за овој сектор, за што зборувааат и конкретните инвестиции на терен, со него дополнително ќе се придонесе кон развој на овој сектор, а бенефитите од тоа ќе бидат големи за целата македонска економија со оглед на тоа што се работи за индустрија која поттикнува низа други економски гранки.
„Со новиот закон, ние ги испочитувавме барањата на деловните субјекти, што истовремено подрзбира и неопходност од доследно почитување на законот и роковите во законските одредби, што би значело законска експлоатација на минерални суровини со уредно добиена концесија и навремено плаќање на концесискиот надмоесток и кон државата и кон општина каде што е локалитетот”, рече Сараќини.
Директорот на Државниот инспекторат за техничка инспекција Екрем Буњаку истакна дека почнувајќи од денеска, техничката инспекција ќе врши интензивни редовни и вондредни контроли, при што редовните се планирани според годишниот план, а вондредните ќе се спроведуваат по извршени пријави од страна на граѓаните и легалните концесионери.
„Ако работат незаконски, казните се огромни! Прво ќе добијат забрана за работа, а потоа ќе поднесеме постапка до Министерството за економија за одземање на концесијата и, на крајот доаѓаат казните, кои се движат од 20.000 до 250.000 евра”, изјави директорот Екрем Буњаку.
Генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон”, Дејан Нешковиќ смета дека новите законски регулативи ќе овозможат справување со нелојалната конкуренција и отворање можности за подобрување на финалните производи и можност за развој на компаниите на домашниот и регионалниот пазар. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

