Економија
Интелектуалната сопственост има голема улога за пазарот на една држава
Интелектуалната сопственост е важна за целокупниот внатрешен пазар на секоја земја, но и на пазарот на Европската Унија, имајќи предвид дека заштитата на интелектуалната сопственост ја промовира креативноста и иновативноста на економијата.
Ова во четвртокот го изјави министерот за економија Ваљон Сараќини кој ја отвори 6. Годишна конференција „Правата од интелектуална сопственост: Заштита и едукација во Македонија“, организирана Американската стопанска комора во Република Македонија. Сараќини во своето обраќање потенцираше интелектуалната сопственост игра огромна улога во зголемувањето на вработеноста и унапредувањето на конкурентноста на стоките и услугите, вкупниот економски раст и развој на државите. Сараќини потсети дека Република Македонија од своето осамостојување инвестира во градење ефикасен систем на заштита, во јакнење на капацитетите на институциите, во подигање на јавната свест за значењето на правата од интелектуална сопственост и придобивките од нивната заштита.„Владата покажа силна политичка волја за регулирање на ова прашање преку формирање Координативно тело за интелектуална сопственост, за вршење на координирани акции кога е во прашање повредата на правата од интелектуална сопственост. Тоа ја игра главната улога во борбата против феномените на пиратеријата и фалсификатите на индустриската сопственост – трговска марка, индустриски дизајн, спречување на патентното право и авторските и сродни права“, рече министерот за економија. Министерството за економија и Државниот завод за индустриска сопственост, во соработка со другите министерства и институции инволвирани во заштитата на интелектуалната сопственост, изготви Национална Стратегија за заштита на правата од интелектуална сопственост. Оваа стратегија претставува значаен документ за претставување на развојот на интелектуалната сопственост, а преку конкретните цели и задачи содржани во Акциониот план, се придонесе кон поддршка на конкурентноста на домашните производи и технологии. „Стратегијата ќе придонесе за градење на едно ново општество базирано на знаење кое ќе биде компатибилно со европското и меѓународното општество засновано на поттикнување на странски инвестиции, задржување и привлекување таленти кои талентот и иновативното знаење економски ќе го ефектуираат, унапредување на развојот на малите и средни претпријатија, како и промовирање на креативноста и иновативноста и зголемување на вработеноста“, истакна Сараќини.Свои обраќања на конференцијата имаа и Биљана Јанева, претседател на Работната група за правата од интелектуална сопственост на Американската стопанска комора во Македонија, проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска, која ги презентираше заклучоците од проценката на Националната стратегија 2009-2012, за која како експерт беше ангажирана при подготовката и при изготвувањето на нејзината проценка во јуни 2012 година, како и Магдалена Шарламанов од Делегацијата на Европската Унија во Македонија.Целта на конференцијата беше поддршка за целосно имплементирање на Националната стратегија за правата од интелектуална сопственост 2009-2012 година, регионалните трендови и напорите на заедницата за генерално подигнување на свеста за ова важно прашање.Преку излагањето на Биљана Јанева присутните имаа можност да се запознаат со ставовите на бизнис заедницата во однос на спроведувањето на заштитата на правата од интелектуална сопственост и јавната свест за ова прашање во земјата.„Иако во последниве години се донесени голем број на закони, она што недостасува е нивно спроведување. За да се спречи уназадувањето на земјата во заштитата на правата од интелектуална сопственост потребно е сите инволвирани институции дел од своите секојдневни активности да ги насочат и да посветат внимание на ова прашање во наредниот период, без разлика дали ќе се донесе национална стратегија“, истакна Јанева.„Фалсификувањето стана мошне популарно, но имаме драстични промени и кај правата од интелектуална сопственост во последната декада. Добивајќи поинаква димензија, фалсификувањето се прошири и стана модерен и светски распространет феномен кој е поврзан со корупција, илегални пазари, трговија со дрога, перење пари и сајбер криминал. Фалсификувањето никогаш не е ограничено на само една земја и ниту една земја не е исклучок, што го прави овој криминал еднакво сериозен како и организираниот криминал“, посочи Магдалена Шарламанов, раководите на јавни набавки во Делегацијата на ЕУ за Македонија./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

