Економија
ЕУ размислува за заштита на штедачите
Судејќи по најновиот предлог кој го разгледуваат членките на Европската унија (ЕУ), штедачите на банките би требало да претрпат најмала штета во случај на колапс на банка, а во секој случај би биле заштитени од загуби со кои беа соочени штедачите на Кипар.
Идејата за заштита на штедачите доаѓа во време кога државите членки го довршуваат новиот предлог закон со кој во ЕУ би се вовело правилото поголемите штедачи да сносат дел од загубите во случај на идни банкарски кризи. Но, функционерите на ЕУ стравуваат дека таквиот режим би може да предизвика паника и да ги наведе штедачите да повлекуваат пари од банките.Предлогот на новиот ЕУ пропис дефинира пропис за спасување на штедачите и останати чекори како да се постапува со разнишани банки. Во рамки на тоа, официјалните лица во Брисел истакнуваат дека би ило мудро штедачите да се стават во ред зад сопствениците на обврзници кога се сносат загуби од колапс на банки.Малите штедачи, со заштеда помала од 100.000 евра, во таков случај ќе бидат заштитени.Сега во ЕУ се разгледува и можноста да се дозволат национални исклучоци, со кои и големите депозитари би биле заштитени од загуба во случај на пропаѓање на банка.Со постигнувањето на таквиот компромис, европските власти се надеваат дека ќе ја обноват довербата, која е нарушена откако претходно им наметнаа на штедачите на Кипар да сносат загуби од тамошните банки, при што во првиот обид не беа поштедени ниту малите штедачи.Многу поповолен третман на големите штедачи, во рамки на новиот закон на ЕУ поддржуваат и Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Овој закон се планира да биде во примена во 2015 година./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

