Економија
Ставрески на годишни средби на EBRD
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во четврток и петок ќе земе учество на 22- рите Годишни средби на Европската банка за обнова и развој (EBRD) кои годинава се одржуваат во Истанбул, Турција.
Темата на овогодинешните средби е „Со иновација до развој” и се однесува на приспособувањето на понудата на пазарите на турбулентните економски услови и градење на поголема конкурентност на економиите. Вицепремиерот Ставрески во рамки на Годишните средби ќе има состаноци со првиот потпретседател на EBRD Фил Бенет, директорот за Западен Балкан Клаудио Виецоли, директорот за транспорт Сју Барет, како и Маса Бернучи – директор на Европската инвестициска банка (EIB) за Адријатскиот регион. Исто така Ставрески ќе учествува на панелот „Поттикнување на развојот и покрај мерките за штедење”.Годишните средби ќе ги отвори претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. На средбите учествуваат стотици државници и истакнати бизнисмени од целиот свет.Македонија има соработка со Европската банка за обнова и развој на повеќе клучни капитални проекти како финансирање на изградбата на автопатот на Коридорот X Демир Капија – Смоквица, проектот за изградба на дел од железничката пруга на Коридорот X, проектот за подобрување на регионалната и општинската патна мрежа, изградба на ХЕ Бошков Мост и други. Исто така, се предвидува ЕБОР да влезе во финансиската конструкција за изградба на гасоводната мрежа во Република Македонија, изградбата на железничката пруга на Коридорот VIII, проектот за 400 кВ конекција на Македонија со Албанија Битола-Елбасан и др./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

