Контакт

Економија

Промовирани измените на Законот за стечај во насока на подобрување на бизнис климата

Објавено пред

Подобрување на бизнис климата, но и подобрување на условите на пазарот, особено во реалниот сектор и појасно и побезбедно регулирање на правата и обврските помеѓу субјектите на пазарот се целта на измените и дополнувањата на Законот за стечај, што во четвртокот ги промовираше министерот за економија Ваљон Сараќини.

dobivaj vesti na viber

„Стручните тимови на Министерството за економија работеа на анализирање на состојбите во овој домен на пазарот, при што беше утврдено дека е потребно да се создаде нова регулација на пазарот во овој домен, а потребата од тоа во најголем дел е во насока на создавање на стабилен и ликвиден реален пазар, кој ќе придонесе до развој и поголема стабилност на компаниите“, истакна Сараќини.Тој додаде дека во новото законско решение се вградени одредби за забрзување на стечајната постапка и зголемување на процентот на намирување на доверителите. „Освен измените кои се однесуваат на веќе постојни законски решенија, се предлагаат неколку битни измени кои досега не беа вградени во законот,  а тоа се реорганизација на должникот пред отворање на стечајната постапка, електронска продажба на стечајната маса, стечајна постапка од мала вредност, нов начин на назначување на стечаен управник“, информираше Сараќини.Преку реорганизацијата,  на должникот се овозможува поголема гаранција за доверителот во процесот на наплата на своите побарувања, а се дава можност да се постигне договор помеѓу должникот и доверителите за прифаќање на план за реорганизација, пред должникот да влезе во состојба на инсолвентност, со што деловниот потфат би продолжил без да се отвора и води стечајна постапка. Во оваа постапка се определуваат мерки од страна на судот за заштита на средствата и имотот на должникот од присилно извршување, со оглед што по својот карактер стечајната постапка е постапка за колективно намирување, за разлика од постапката за извршување, каде доверителите се намируваат поединечно.„Се предлага  и спроведување на постапка за реорганизација во претходна постапка, чија предност е во тоа што не се отвора стечајна постапка и не настапуваат сите правни последици. Планот го доставува должникот, кој претходно склучил договор со доверителите околу начинот на кој се врши реорганизацијата и околу начинот на намирувањето на побарувањата на доверителите. Во оваа постапка се испитуваат услови за  отворање на стечајната постапка, за да му се овозможи на должникот да може да предложи план за реорганизација, кога фирмата е се’ уште во финансиска кондиција. Тој план го оценува стечајниот судија, кој може да не го одобри, а се објавува оглас со кој се повикуваат сите доверители да извршат увид  во него и да дадат забелешки за кои судијата може да свика рочиште. Рокот во кој се спроведува оваа постапка за реорганизација е 60 дена“, истакна министерот. Следната новина е претворање на имотот во пари или нова електронска продажба, каде се предлага пред да започне продажбата, стечајниот управник во рок од три дена од донесувањето на одлуката за ликвидација на деловниот потфат да  објави оглас во најмалку еден дневен весник, а по потреба и во странски весник, со кој ќе ги повика заинтересираните купувачи да достават понуди за намера за купување на имот, кој ќе трае 15 дена.Се предлага продажбата на имотот во пари по електронски пат со лицитација  без почетна вредност, да трае најдолго 90 дена, да биде објавена во три огласи на еден од предвидените начини, а ако се неуспешни,  во тој случај се пристапува веднаш кон физичка делба на имотот на доверителите. Во случај кога на огласот се јавил купувач кој понудил најповолна цена, се предлага стечајниот управник да го извести стечајниот судија дека електронската продажба била извршена, со тоа што стечајниот судија во рок од три дена носи писмено решение,  со кое констатира дека учесникот на огласот понудил најдобра цена и го задолжува во рок од осум дена да ја усплати постигната цена. „Постапката од мала вредност е постапка во која не се формира одбор на доверители, туку одлуките ги носи собранието на доверители, стечајниот судија, а ги предлага стечајниот управник, со што се  постигнува пократок рок за постапување и се намалуваат трошоците на постапката. Тоа ќе овозможи поголем процент на намирување на доверителите, а оваа постапка се спроведува во случај кога вредноста на стечајната маса е до 1.000.000 денари“, посочи министерот.Една од најважните измени во предложениот закон за стечај е во делот на именувањето на стечајните управници, кое се врши според методата на електронско избирање на од листата на пријавените стечајни управници за секој суд кој  постапува по  стечајните предмети, а новоименуваниот стечаен управник или предложениот стечаен управник  мора да биде од листата на стечајни управници на судот кој е надлежен  за водење на стечајните постапки.Сараќини потенцира дека во моментов во Република Македонија активни постапки кои во моментов се водат се 254, а во 2013 година има 40 отворени постапки. Експертот Дејан Костовски кој долго време ја проучува оваа проблематика истакна дека новите измени на законот ќе придонесат за добивање на поголеми оценки на Р’епублика Македонија во Извештајот Doing Bussines, како и во поглед на привлекување на странски инвеститори./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Објавено пред

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за државна помош се околу 17 проекти, со вкупна вредност од над 650 милиони евра. Очекува дека овие проекти ќе обезбедат помеѓу 4.500 и 5.000 нови директни работни места, а најголемиот дел од нив годинава ќе започнат со производство, што ќе ја зголеми и вредноста на бруто-домашниот производ.

dobivaj vesti na viber

„Во овој момент работиме на овие 17 проекти само преку ТИРЗ, а има и проекти кои што ги работиме а кои што се надвор од ТИРЗ, како што е инвестицијата на Алказар во Источна Македонија, која што е во фаза на одобрение за градба. Очекувам некаде на пролет и на терен да започне реализирањето на оваа инвестиција, која што е во вредност од половина милијарда долари“, кажа Мицкоски.

Тој посочи дека земјоделството доживува позитивен пресврт и станува сериозен економски столб. Во четвртиот квартал од минатата година извозот на земјоделски производи бил повеќе од двојно поголем од увозот, со износ од околу 12,5 милијарди денари, додека за целата година извозот достигнал над 450 милиони евра, во споредба со околу 200 милиони увоз.

Премиерот истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува вистинските земјоделци и дека новата програма ќе ја насочи поддршката кон оние кои реално произведуваат и придонесуваат, додека ќе се спречи злоупотреба на субвенциите.

Прикажи повеќе...

Економија

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Објавено пред

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме силна динамика, државата овозможува навремена логистика и со средства и во делот на експропријацијата и силната динамика ќе продолжи во следниот период за до крајот на 2029 година да возиме по овој автопат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

Тој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, времениот вршител на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, заменици министри, пратеници, градоначалници и директорот на ЈПДП Коце Трајановски извршија увид во изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани.

„Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево. Оттаму се поврзуваме на автопатот до Охрид и Струга кој веќе е во прогрес, така што ова е целиот автопат кој што оди на западното крило на Коридор 8, автопат кој што треба да го поврзе целиот овој регион, да донесе голем економски бенефит, повеќе бизнис и многу повеќе туристи” изјави вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека експропријацијата е завршена речиси 90 % што е за успех, а финансирањето е навремено што директно значи и навремена реализација на овој проект. Дополнително како што потенцира, градежништвото има историски раст од 21 %.

„Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21 %, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, околу 90 % од експропријацијата е завршена, до сега исплатени се околу 470 милиони евра што за буџет како Македонија е огромна сума. Исто така целата логистика државата ја дава и останува компаниите да си ја завршат работата. Драго ми е што стоиме на мост што е 40 метри висок, ова е добро за македонските градежни компании и оние што ќе се занимаваат со градежништво во иднина, тука се вклучени Градежниот факултет, Архитектонскиот факултет и следните генерации да можат на конкретни и живи проекти да учат” истакна Николоски.

Упати благодарност до премиерот Мицкоски за подршката што ја дава за овој проект и најави силна динамика и крајот на 2029 година да биде завршен овој автопат без отстапки од рокот. Додаде дека интензивно се работи и на автопатите од Тетово до Гостивар како и автопатот од Прилеп до Битола.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска во теренска посета на „Мермерен Комбинат Прилеп“: Македонските ресурси мора да создаваат поголема додадена вредност дома

Објавено пред

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека министерката Сања Божиновска реализирала теренска посета на рудниците и производствените капацитети на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението на Министерството, Божиновска извршила непосреден увид во процесот на експлоатација на мермерот, условите за работа, механизацијата и технолошките процеси на комбинатот.

Раководството на компанијата ја информирало министерката за тековните инвестиции во модернизација на механизацијата, безбедноста при работа и мерките за рационално искористување на природните ресурси, со посебен акцент на одржливото користење на наоѓалиштето и заштита на животната средина.

Во соопштението се наведува дека на средбата се разговарало и за почитувањето на еколошките стандарди и обврските од концесиските договори, безбедносните услови за вработените, придонесот на компанијата кон локалната економија и можностите за зголемување на додадената вредност преку финална обработка на производите.

Божиновска истакнала дека теренските посети се клучни за реален увид во функционирањето на секторот и за креирање политики базирани на фактичка состојба.

„Природните ресурси се национален капитал и нивната експлоатација мора да значи поголема економска корист за државата и граѓаните. Наш приоритет е природните ресурси да носат долгорочна корист — преку инвестиции, нови технологии, безбедни работни услови и поголем степен на финална обработка. Рударството има силна економска улога, но неговиот развој мора да биде одговорен, транспарентен и во согласност со највисоките стандарди Нашата цел е јасна — модерно, одговорно и конкурентно рударство кое создава вредност дома, отвора работни места и обезбедува одржлив развој. Компаниите кои инвестираат во технологија, безбедност и заштита на животната средина се важен партнер во економскиот развој“, се наведува во соопштението.

Министерството додава дека посетата е дел од пошироките активности насочени кон засилено присуство на терен, подобра комуникација со индустријата и унапредување на надзорот и одржливото управување со минералните ресурси.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет1 час

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет2 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет2 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија19 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија21 час

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија21 час

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија21 час

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија22 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет24 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија2 дена

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 дена

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...