Економија
Министерот Димовски најави чистење на 104 канали, повеќето во пелагониско
До октомври годинава ќе се исчистат 104 километри каналска мрежа од кои најголем дел се во пелагонискиот регион, а останатите 24 на територијата на цела држава.
Како што најави денеска министерот Љупчо Димовски, ќе се чисти и коритото на реката Црна, вкупно 25 километри во Битолско, за што е надлежна Дирекцијата за заштита и спасување.
Акцискиот план е веќе изготвен, а активностите почнуваат веднаш штом се намали нивото на водите.
„Во периодот што следи, веднаш по смирувањето на хидролошката ситуација, почнуваме со интезивно чистење на предвидените каналски правци. Планираните 104 километри се реално изводливи и цениме дека ќе ги завршиме до крајот на септември или почетокот на октомври, изјави министерот Димовски по работната средба со претседателите на Сојузот на земјоделците и на Аоцисјацијата на земјоделци, Вељо Тантаров и Евтим Шаклев.
Лани, рече, беа исчистени 72 километра каналска мрежа, а во изминатите 6-7 години околу 400 километри.
„Исчистени се најкритичните каналски правци. Но, има земјоделци кои не се доволно совесни и често се случува дел од каналите за релативно краток период, две до три години, повторно да ги чистиме. Други, пак, кај што се самите насипи, се уништени од неодговорни лица кои го земаат материјалот за други цели, а не за она за што е наменет, за каналскиот систем”, посочи министерот.
Во врска со државната поддршка што, исто така, беше една од темите на состанокот, министерот Димовски напомена дека веќе се направени извесни поместувања во исплатата со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, да ги земат средствата кога им се најпотребни.
„Исплатата ќе се усогласи со потребите на земјоделците, ќе има поместување нанапред, не подоцна што секако ќе зависи од кондицијата на Буџетот која во овој период е добра. По Нова Година стартувавме со поголема динамика на исплата за да се задоволат барањата и очекувањата на производителите. Но, ќе треба да се направи соодветен план за исплата по мерка, односно тогаш кога субвенциите се најпотребни за земјоделците и покрај утврдениот законски рок зашто секогаш е најдобро нивната реализација да оди кога е најкорисна”, нагласи министерот.
Земјоделците од Пелагониско се согласни дека е неопходно да се забрза чистењето на каналите особено за да не дојде до излевање на Црна и поплавување на површините.
Тие годинава, како што го информира министерот, очекуваат повеќе жито од лани, со добар квалитет. Бараат скоро седнување на заедничка маса со преработувачите за да се договрат околу откупот, исплатата и повторното воведување на мерката за заштита на домашното производство. Цената за килограм пченица, велат, не треба да биде пониска од 15 денари.
Во текот на разговорите кои се вид подготовка за претстојната седница на Агросоветот, е отворено и прашањето за изградба на патишта до пасиштата и поила за добитокот. Плаќањето на водниот надомест исто така беше една од темите.
Наскоро ќе биде објавен огласот за давање во закуп 850 хектари државно земјоделско земјиште кое ќе може да се користи исклучиво за производство на сточна храна.
Со ова, како што изјави министерот Димовски, им се излегува во пресрет на сточарите и се реализира нивното дамнешно барање.
„Веќе ги извршивме потребните законски измени, обезбедивме соодветно земјиште и за релативно кратко време ќе излеземе со оглас на кој ќе може да се јават фармерите. Бенефит очекуваме уште оваа година”, рече министерот Димовски.
За нас е особено важно, додаде, да се зголеми производството на добиточна храна со оглед дека сме увозно зависни и имаме проблеми од овој аспект во секторот. Тоа е во интерес не само на одгледувачите на добиток, туку и на целата држава. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели со нас дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во среќата.
Продажното место „Димпо“ во Битола е познато по среќните добивки од игрите на среќа на Државна лотарија. Таму е „изгребана“ и најголемата премија од инстант лотаријата – 10.000.000 денари од инстант лозот „Мега Милионер“.
Од почетокот на приредувањето на играта на среќа Џокер во 2010 година, во рамките на Ново Лото 7/34, освоени се вкупно 17 Џокер премии, а ова е 11-та освоена Џокер премија од почетокот на приредувањето на Лото 7 во 2019 година.
Уплата на еден Џокер број чини 30 денари, а може да донесе вредна добивка. Џокерот се избира по компјутерски пат, а бидејќи среќата знае да изненади, не треба да се пропушта шансата со одиграна лото-комбинација да се уплати и еден Џокер број.
Во Делчево се освоени две Џокер премии, по една Џокер премија е освоена во Струмица, Берово, Кавадарци, Свети Николе, Струга, Крушево, Пехчево и Битола и седум во Скопје. Првата премија од играта на среќа Џокер беше постигната во Делчево.
Среќата е насекаде со Државна лотарија!
(ПР)
Економија
Од полноќ повисока цената на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.
Економија
Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2.876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава.
Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 354 со вредност од 262.010.698 евра и 3.320.202.538.
Хипотеките во вториот квартал се за 280 повеќе во однос на тие во првиот квартал 2025-та кога биле впишани 2.596 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари.
Статистиката на АКН покажува зголемување на бројот на хипотеки во изминатите неколку години. Минатата година, во периодот јануари – декември се запишани 8.748 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.719.022.360 евра и 15.161.817.874 денари, а во 2023 година 7.844 со вредност од 1.572.943.764 евра, 11.585.447.070 денари, 77.983.115 швајцарски франкови и 108.772 американски долари. Во 2022 година, пак, се регистрирани 7.658 товари врз недвижностите во вредност од 1.549.977.309 евра, 9.452.669.859 денари и 20.000 американски долари, а во 2021 8.386 и со вкупна вредност од 1.997.252.023 евра и 15.824.963.591 денар.
Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава се внесени 6.135 купопродажби на недвижности (збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија), за 580 повеќе во однос на претходниот квартал, кога биле регистрирани 5.388.
Според последните податоци на Народната банка, во септември годинава, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9 проценти и 1,6 проценти, соодветно, при годишен раст од 10,2 проценти и 16,1 процент соодветно.

