Контакт

Економија

Хрватска забележа пад од 1,5 отсто во првиот квартал

Објавено пред

Хрватскиот бруто домашен производ во првото тромесечје од годината реално се намалил за 1,5 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат прелиминарните податоци на Хрватскиот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Иако движењата по компоненти на потрошувачката се уште не се познати (конечниот извештај ќе биде објавен на 10 јуни), економските показатели за првото тромесечје упатуваат на заклучок дека негативниот тренд доаѓа од личната потрошувачка и нето извозот, пишуваа хрватските медиуми.Поради неповолните трендови на пазарот на труд, реалниот пад на платите и расположливиот доход на домаќинствата, трговијата на мало во првиот квартал се намалила за над четири отсто.Извозот бележи силен номинален пад од 8,2 отсто, што во голема мера се должи на значително лошите резултати во март, додека увозот бележи пад од 2,7 отсто.Падот на БДП-то во првиот квартал е ублажен од државната потрошувачка при експанзивна фискална политика која со својата инвестициска активност делумно влијаеле на падот на бруто инвестициите. Индустриското производство во првите три месеци од годината се зголемило за 1,1 отсто. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Објавено пред

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита од енергетската сиромаштија, реагираат од Инжинери на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Соопштија дека имаат поднесено претставка до Владата, Министерството за енергетика, Министерството за труд и Регулаторната комисија, со барање да се преземат итни мерки за ранливите потрошувачи пред да пристигне зимата.

„Иако новиот Закон за енергетика предвидува заштита за граѓаните кои живеат во сиромаштија, самохрани родители, пензионери со ниски примања и лица со инвалидитет, досега нема функционален регистар, нема методологија, ниту се врши исплата на ветените субвенции. На повикот за субвенции се пријавиле само 745 лица, од кои 454 биле прифатени“.

Оваа бројка, како што оценуваат, е далеку од реалните потреби, бидејќи според проценките, ранливите потрошувачи се најмалку 110.000.

„Претставката која ја поднесовме бара итно донесување на методологија до крајот на август, формирање на регистар до октомври, исплата на веќе одобрените субвенции и објава на реална проценка на ранливите граѓани“.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција, од увозно зависна земја, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси.

dobivaj vesti na viber

Во однос на изградбата на интерконекторот за гас со Грција, Мицкоски појасни дека на минатата влада и бил оставен завршен проект со потпишани договори, обезбедено финансирање, проектирање, но по 7 години тие ништо не направиле освен тендер со основ за корупција кој го довел во прашање финансирањето на истиот.

„Заемодавателите рекоа дека не го финансираат затоа што во тендерската документација има делови кои укажуваат на корупција и рекоа дека се повлекуваат или да се коригира тендерската документација да почне од почеток. Имајќи предвид дека овој интерконектор е многу значаен за иднината на државата, затоа што со него и интерконекторот во соседна Србија и крак до соседно Косово, ние стануваме многу значаен играч во делот на транзитот на енергенси, затоа што капацитетот на овој интерконектор околу е 3 милијарди метри кубни, со оние кои доаѓаат од исток ќе дојдеме до 4 или 4,5 милијарди метри кубни, а ние како држава трошиме половина милијарда, значи 4 милијарди ќе транзитираат. Прв пат стануваме земја која ќе биде на мапата транзит држави на ваков тип на енергенси и замислете тие си играат 7 години и тендерот паѓа затоа што имало основ за корупција. Ние ја коригиравме тендерската документација, ја објавивме, избравме изведувачи, пративме до заемодавателите и тие дадоа зелено светло“, изјави Мицкоски.

Додаде дека фирмата од пред еден месец е воведена во работа, теренските активности се завршуваат и се оди со исклучително брза динамика и околу 10 јули се планира официјално да им се претстави на македонските граѓани дека се гради втор интерконектор.

„Досега имавме еден со Бугарија, но еднонасочен, овој е двонасочен. И тој кој планираме да го градиме со Србија за да бидеме земја низ која ќе транзитира гас. Очекувам крајот 2026 година или почетокот на 2027 година, овој да биде функционален и поврзан со националниот гасовод на Македонија. Тоа е сериозна работа, бидејќи ќе може да се донесат нови количини за новите гасни централи кои ги планираме во Скопје, но и низ државата. Енергетската независност не е само со овој интерконектор, туку продолжуваме да ја градиме бидејќи тоа е архитектура за иднината на државата“, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека се почнува и со многу значаен проект, а тоа е ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш кој годишно со максимален капацитет ќе произведува 1 терават час електрична енергија, тоа е околу 20% од денешно планирано производство на АД ЕСМ и за прав пат оваа година се очекува да заврши годината со резултат еднаков на нула, односно ќе произведеме онолку колку ќе потрошиме.

„Се разбира ќе има периоди од годината кога ќе увезуваме, тоа е најчесто зимно, ќе има и кога ќе извезуваме, но на крајот на годината за прв па ќе бидеме нула, нема да бидеме увозно зависна, а потоа откако ќе бидат пуштени првите количини ќе бидеме извозник, што е историски показател, ќе имаме вишок на електрична енергија и тоа ќе влијае и во финансиските биланси и во БДП“, изјави Мицкоски.

Додаде дека со Косово обезбедуваме околу милион тони јаглен кој понатаму ќе се плати со струја, а не како порано со тендери, високи цени, броење кеш, сега е поразлично и прашање е зошто порано се плаќал јагленот поскапо од сега и каде одела таа разлика.

Прикажи повеќе...

Економија

Славески со претставници на членките на МБА: во фокусот предлозите за намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги

Објавено пред

Во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата. На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, гувернерот истакна дека целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. При тоа Народната банка е подготвена да го направи првиот чекор во оваа насока со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС. Истовремено очекуваат банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво, односно: намалување на надоместоците за одржување на платежни сметки за правни лица, со акцент на олеснување на товарот врз малите и средни компании; укинување на надоместоците за користење електронско и мобилно банкарство; укинување на надоместоците за плаќања со платен налог во рамки на иста банка; намалување на надоместоците за меѓубанкарски плаќања во денари преку платните системи КИБС и МИПС; поедноставување и намалување на трошоците за подигнување готовина на банкомати на други банки и намалување на надоместоците што банките ги наплатуваат од трговците за прифаќање картички.

Во рамки на средбата претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева, изрази благодарност до гувернерот Трајко Славески за изнесеното обраќање и ги сподели ставовите на Асоцијацијата по однос на предлозите за намалување на надоместоците за платежни услуги.

Во своето излагање таа потенцираше дека цените на банкарските услуги се определуваат индивидуално од страна на секоја банка, преку органите на управување, и дека Македонската банкарска асоцијација, од своето основање до денес, никогаш не дискутирала за цените на производите или услугите како заедничка тема. „Во иднина, ќе продолжиме да дискутираме за можните насоки на дејствување, но одлуките за цените остануваат во надлежност на секоја банка поединечно“, истакна таа.

Воедно, посочи дека е важно да се согледа контекстот на податоците што се објавуваат во јавноста, особено во однос на учеството на надоместоците во приходите на банките. Таа додаде дека банкарскиот сектор е меѓу најтранспарентните во земјата, обврзан да објавува точни и детални информации согласно регулативата, што не е случај со голем дел од другите сектори во економијата. „Кога правиме споредби, мора да имаме предвид дека банкарскиот сектор функционира на високо ниво на транспарентност, додека кај многу други сектори тоа не е така – податоците често се нецелосни или неточни“, нагласи Стевкова Штериева.

Во однос на евентуалното намалување на одредени надоместоци, таа посочи дека станува збор за сложен процес кој бара внимателна анализа на трошоците, особено имајќи ги предвид значајните расходи што банките ги имаат, како во делот на ИТ, така и за услугите поврзани со меѓународни провајдери во областа на картичниот бизнис. „Затоа се залагаме колку што е можно повеќе услуги да се развиваат со сопствени ресурси во Македонија, што би придонело за намалување на трошоците и овозможување поповолни услови за клиентите“, додаде таа.

Како еден од потенцијалите за намалување на трошоците, беше посочено и најавеното намалување на надоместокот за користење на МИПС-системот, што би можело да се транспонира во пониски трошоци за клиентите во иднина.

Македонската банкарска асоцијација останува отворена за соработка и ќе делува во насока на унапредување на платежните услуги, вклучително и преку разгледување на предлозите и иницијативите изнесени од страна на гувернерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Ризик од појавa на пожари поради високите температури: МЗШВ апелира на претпазливост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на...

Економија31 минута

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита...

Македонија38 минути

Се очекува Македонија годинава да ја посетат 1,5 милиони туристи, најбројни се гостите од Турција

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од...

Македонија1 час

Казни и до 2.000 евра: МВР со потсетување на целосната забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Свет1 час

Мерц: Германија мора да ја води Европа напред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и...

Македонија2 часа

Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при...

Свет3 часа

Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа...

Свет3 часа

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може...

Свет3 часа

Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел...

Свет3 часа

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до...

Свет3 часа

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија14 часа

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија18 часа

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија20 часа

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија21 час

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија22 часа

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет1 ден

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија1 ден

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија1 ден

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...