Контакт

Економија

Продажбата на автомобили во САД повторно во пораст

Објавено пред

Продажбата на автомобили во САД повторно порасна во мај благодарение на политиката на Fed за ниски каматни стапки, но и на обновата на возниот парк од страна на малите претпријатија, кои на овој начин искажуваат доверба во врска со работењето во претстојниот период.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Вкупно во мај биле продадени 1,4 нови автомобили, што е осум отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на специјализираната компанија Autodata Corp.Претходно во април биле продадени 1,29 милиони возила, што е за 8,5 отсто повеќе во однос на април 2012 година.Резултатите наведуваат на заклучок дека автомобилската индустрија и натаму е светла точка на американската економија. Како причина за скокот на продажбата се наведува политиката на централната банка за ниски каматни стапки, како и пригодните продажби по повод празникот Денот на сеќавање на паднатите американски борци.Пријатно изненади во прв ред големиот број продадени камионети, најголем од декември кога се вообичаените распродажби на крајот од годината. Ова се должи на одлуката на голем број мали претпријатија, особено од градежната индустрија и од секторот на бушење на нафта, да го обноват возниот парк, искажувајќи на тој начин оптимизам во поглед на работењето во наредниот период. /крај/

Економија

Нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 % во однос на одлуката од 10.03.2025 година.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Од 18.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,345 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,916 ден/кг и сега ќе изнесува 41,345 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,592%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,513%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,550% и кај мазутот зголемувањето е за 0,172%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 2,5506%.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Се работи на проекти во образованието вредни две милијарди денари

Објавено пред

Во моментот имаме инвестициска активност од околу две милијарди денари за проекти во образованието, повеќе од 30 капитални инвестиции, седум комплетно нови училишни згради, дваесетина се реновираат, спортски сали во Струга и во Битола, отпочнуваме со спортските сали – Кисела Вода и Аеродром, во план е продолжување на проектот за реконструкција на универзитетите, односно зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, отпочнуваме со кампусот „Мајка Тереза“, изјави попладнево премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Истовремено, ќе продолжи и инспекцискиот надзор на оние високообразовни институции, но и оние други образовни институции, што не ги исполнуваат стандардите. Ќе бидат опоменати. Доколку не преземат ништо во насока на исполнување на стандардите, ќе мора да бидат затворени“, рече премиерот.

Тој кажа дека децата треба да добијат европско знаење, а „тоа може да го даваат институции што ги почитуваат законите и што нудат таков тип на пренос на знаење“.

„Реформата во образованието е навистина опсежна. Оваа година, нешто што не е за фалење, учениците ги добија книгите на 1 септември. Исто ќе биде и во следната година. Ние пред 10 – 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска сме среќни ако секое дете има учебник. Но, за жал, имавме цунами седум години што и тоа не можеше да го направи онаа влада на СДСМ и ДУИ, па оваа влада мора буквално сите тие елементарни работи да ги прави“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Перински во Студеничани: Инвестираме и во руралните средини – тие се еднакви по својата важност како и останатите

Објавено пред

Во скопската општина Студеничани денеска започна реконструкцијата на 6,5 км долгиот локален пат Драчево – Мотел Китка, проект финансиран од првиот владин повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти. На официјалниот почеток на градежните активности присуствуваа министерот за локална самоуправа, Златко Перински, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими и Калтрина Зеколи Шаќири, заменик министер за транспорт.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Азем Садики, појасни дека станува збор за пат долг 6,42 км, кој се протега од селото Црвена Вода до мотел Китка, а проектот предвидува негова целосна реконструкција и обнова со неопходната инфраструктура.

„Многу сум среќен што Владата продолжува да ги помага општините, особено руралните. Овој пат е многу битен за нашата општина, затоа што не само што ќе придонесе за побрз, полесен и побезбеден транспорт за жителите во планинските села, туку ќе создаде услови за поттикнување и развој на туризмот и за инвестирање во скопската околина со оглед на близината и убавината на Китка“, истакна Садики.

Министерот Перински порача дека проектот е доказ за посветеноста на Владата да инвестира во подобрување на инфраструктурата во сите општини и региони.

„За оваа Влада не постојат заборавени општини, помагаме онаму каде што е најпотребно, а тоа се руралните средини со сите предизвици коишто ги имаат во дел на капиталните инвестиции. Радоста на мештаните којашто ја видовме денеска е доказ дека Владата трасира пат којшто се темели исклучиво на потребите на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме за да го подигнеме квалитетот на живот на сите граѓани на цела територија на Македонија“, истакна Перински, кој како дел од теренските посети „Каде што срцето е дома“, претходно со неговиот заменик, Селими, одржаа работна средба со градоначалникот, членовите на општинскиот Совет и претставници на администрацијата на која разговараа за актуелните состојби во општината.

Поддршка на сите општини и во периодот што следи најави и премиерот Мицкоски, кој истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во проекти кои ќе значат поквалитетен, покомфорен и поубав живот, независно од политичката определба на градоначалниците.

„Немаме намера да заборавиме ниту едно место на целата територијата на Македонија, ќе инвестираме секаде. Тоа го правиме веќе девет месеци, покажуваме еден поинаков начин на функционирање на Влада. Ќе продолжиме така и во иднина, бидејќи граѓанинот, Македонецот, Албанецот, Турчинот, Србинот, Ромот, Бошњакот, Влавот и сите останати, се центарот на нашето внимание и сите ние заедно ќе работиме за нивно подобро утре“, порача премиерот Мицкоски.

„Евидентна е разликата од начинот на функционирање на оваа Влада“, оцени првиот вицепремиер и министер за животна средина, Меџити.

Министерот за транспорт, Николоски, информираше дека во моментов во село Студеничани привршува и реконструкција на локален пат долг 840 метри, а во тек е тендерска постапка за изградба на нов пат во Моране, проекти со кои дополнително се дава поддршка за подобрување на инфраструктурата во оваа општина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За да добива лиценци, сопственикот на „Пулс“ со години користел незаконски проект, а подмитил и службеник, според истрагата

Верижните пропусти и незаконитите дејства на одговорните и на службените лица довеле до смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани....

Македонија3 часа

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири, рече Тошковски

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи,...

Македонија4 часа

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега во „Систина“, велат од болницата

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во...

Македонија4 часа

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната поради насилно задушување и...

Македонија5 часа

Дискотеката имала устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот, без притоа да биде...

Македонија5 часа

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот...

Македонија6 часа

Таравари: Нема потреба никој да собира пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба...

Македонија7 часа

Четворица пациенти во Италија се веќе на нозе, Таравари вели може да се вратат дома следната недела, критичен е пациент во Турција

Денес, од болница излегуваат десетмина пациенти што се лекуваат кај нас, соопшти утрово министерот за здравство, Арбен Таравари. Си заминува...

Македонија8 часа

Одреден 30-дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу кои Бектеши и Трајковски

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот...

Македонија8 часа

ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни...

Македонија9 часа

Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани,...

Македонија9 часа

(Видео) Би-би-си со реконструкција за пожарот во Кочани

Би-би-си направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, каде што објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата...

Македонија9 часа

Мораме да размислуваме како да си ги вратиме децата назад, од понеделник ќе ги имаме првите враќања, најави Клековски

Од понеделник се очекуваат првите повлекувања од странство на повредените пациенти, кои по пожарот во Кочани, беа препраќани на лекување....

Македонија10 часа

Maкедонските медиуми известуваат професионално во овие траурни моменти, оцени Министерство за дигитална трансформација

Министерство за дигитална трансформација како надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење апелира на одговорност, професионалност...

Македонија21 час

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија22 часа

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија23 часа

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија1 ден

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија1 ден

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија1 ден

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...