Економија
Забрзан пад на производните цени во еврозоната и во ЕУ

Производните цени на индустриските производи во еврозоната во април се намалени за 0,6 отсто во дон осна претходниот месец март, додека нивниот пад на ниво на Европската унија во целина изнесувал 0,7 проценти, објави во вторникот европската агенција за статистика Еуростат.
Со тоа падот на производните цени е забрзан на месечно ниви, имајќи предвид дека во март и во монетарната унија и во Европската унија цените кај произведувачите беа намалени за 0,2 отсто на месечно ниво.
На годишно ниво цените на индустриските производи кај произведувачите во еврозоната и ЕУ во април 2013 година се намалени за 0,2 отсто, според пресметките што ги објави Еуростат.
На месечно ниво под на цените е забележан во повеќето земји со чиишто податоци располага Еуростат. Најизразен пад на цените притоа е забележан во Велика Британија од 1,5 отсто, а веднаш по неа е Белгија со пад од цените од 1,4 отсто, па Грција и Холандија, каде цените на месечно ниво паднале за 1,3 отсто.
Зголемување на производните цени, пак, е забележан во Латвија од 1,1 отсто, во Данска – 0,4, Естонија – 0,2, на Кипар и Словачка од по 0,1 отсто, додека останале непроменети во Словенија и на Малта, според податоците што биле доставени од нивна страна.
На годишно ниво, меѓу земјите со чиишто податоци располагал Еуростат, најизразен раст на цените кај производителите забележан во Естонија од 11,3 отсто, додека во Романија пораснале за 4,9 отсто, во Белгија за 1,9 и во Латвија за 1,8 отсто.
Од друга страна, пак, најизразен пад на производните цени на годишно ниво се забележани во Грција и во Полска, за 2,4 отсто односно 2,1 отсто. Во Шведска овие цени паднале за 1,7 процент, а во Холандија за 1,5 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Издавање кодови за идентификација за поднесување на МПИН

„Со наближување на рокот за поднесување на МПИН пресметките, Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност чии кодови за идентификација за потпишување на МПИН пресметките кои се изготвуваат преку Клиентскиот софтвер, а се издадени пред 5 март 2025 година, независно од нивната важност, да поднесат барање за обнова на истите преку системот е-Даночни услуги“, велат од УЈП.
За повеќе информации во врска со постапката на поднесување на барањата и превземање на кодовите преземете го Корисничко упатство за поднесување на Барање за издавање на клуч за спремање на плата, кое е објавено на веб страницата на УЈП.
Дополнително, УЈП напоменува дека обврзниците кои имаат помал број на вработени (до 5 вработени), може МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 6 март 2025 година немаат потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати.
Економија
Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 % во однос на одлуката од 10.03.2025 година.
Од 18.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,345 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,916 ден/кг и сега ќе изнесува 41,345 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,592%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,513%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,550% и кај мазутот зголемувањето е за 0,172%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 2,5506%.
Економија
Мицкоски: Се работи на проекти во образованието вредни две милијарди денари

Во моментот имаме инвестициска активност од околу две милијарди денари за проекти во образованието, повеќе од 30 капитални инвестиции, седум комплетно нови училишни згради, дваесетина се реновираат, спортски сали во Струга и во Битола, отпочнуваме со спортските сали – Кисела Вода и Аеродром, во план е продолжување на проектот за реконструкција на универзитетите, односно зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, отпочнуваме со кампусот „Мајка Тереза“, изјави попладнево премиерот Христијан Мицкоски.
„Истовремено, ќе продолжи и инспекцискиот надзор на оние високообразовни институции, но и оние други образовни институции, што не ги исполнуваат стандардите. Ќе бидат опоменати. Доколку не преземат ништо во насока на исполнување на стандардите, ќе мора да бидат затворени“, рече премиерот.
Тој кажа дека децата треба да добијат европско знаење, а „тоа може да го даваат институции што ги почитуваат законите и што нудат таков тип на пренос на знаење“.
„Реформата во образованието е навистина опсежна. Оваа година, нешто што не е за фалење, учениците ги добија книгите на 1 септември. Исто ќе биде и во следната година. Ние пред 10 – 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска сме среќни ако секое дете има учебник. Но, за жал, имавме цунами седум години што и тоа не можеше да го направи онаа влада на СДСМ и ДУИ, па оваа влада мора буквално сите тие елементарни работи да ги прави“, додаде премиерот.