Контакт

Економија

Владата нуди поволнoсти за вработување во микро и мали претпријатија

Објавено пред

Конкурс за обезбедување многу поволни кредити наменети за микро и мали претпријатија, со цел отворање нови работни места преку Агенцијата за вработување ќе биде објавен во понеделник, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во неделата на редовната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Владата на Република Македонија е стратешки насочена кон реализација на реформи, мерки, проекти и активности чија цел е зголемување на вработеноста на граѓаните во Република Македонија. Значаен дел од конкретизацијата на тие заложби се содржи во Оперативниот план за активни мерки за вработување преку кои се финансираат, кофинансираат, или пак се нудат за користење евтини и поволни финансиски инструменти за вработувања на невработените“, рече портпаролот Ѓорѓиев најавувајќи го конкурсот.

По објавувањето, огласот ќе трае во текот на следните десет работни дена. На огласот ќе може да аплицираат сите заинтересирани микро (со до десет вработени) и мали (до 49 вработени) претпријатија кои сакаат да добијат од овие средства со цел да отворат нови работни места.

За тоа заинтересираните претпријатија ќе треба да исполнат некои услови, како да постојат најмалку една година во периодот кој претходи на објавувањето на огласот(да се основани заклучно со 24.06.2012 година), да имаат најмалку двајца вработени во период од минимум три месеца и да го немаат намалено вкупниот број на вработени во претходниот период од шест месеци.

Микро и малите претпријатија со добивањето на средствата ќе може да вработат лица кои најмалку три месеца се во евиденцијата на Агенцијата за вработување, и при тоа доколку имаат конкретно лице од евиденцијата на Агенцијата кое сакаат да го вработат може да го наведат, а доколку немаат конкретно лице Агенцијата за вработување ќе им приложи за избор листа од лица од евиденцијата кои ги исполнуваат наведените предиспозиции и имаат соодветна квалификација и профилација за каква што се интересира претпријатието кое аплицира за средствата.

За секое ново отворено работно место микро или малото претпријатие ќе може да добие три илјади евра во денарска противвредност, а може да се добијат средства за најмногу три ново отворени работни места, што значи најмногу девет илјади евра. Периодот на поврат на средствата изнесува три години, со грејс период од една година и каматна стапка од само 1 отсто.

Процедурата за апликација е поедноставена, и заинтересираните микро и мали претпријатија ќе може да конкурираат за средствата со едноставна пријава која треба да се поднесе до Агенцијата за вработување и со приложување на документ дека не се во стечај или ликвидација, а сите останати документи ќе ги обезбеди Агенцијата по службена должност. По завршувањето на рокот за поднесување на апликации, во период од 30 дена Агенцијата за вработување ќе направи селекција на поднесоците и со оние претпријатија кои ги исполнуваат условите ќе потпише договори. Потоа истите ќе ги достави до Македонската банка за поддршка на развојот и до комерцијалните банки кои се дел од процесот и по завршувањето на сите процесни дејства и претпоставки средствата ќе бидат исплатени на претпријатијата. Микро или малите претпријатија кои ќе ги добијат овие средства имаат обврска во период од 36 месеци да не го намалат вкупниот број на вработени во претпријатието, односно да го задржат лицето во работен однос 36 месеци, или доколку заради одредени причини го отпуштат лицето тогаш на негово место да вработат друго лице и да не го намалат вкупниот број на вработени.

Како што појасни Ѓорѓиев, за реализацијата на оваа мерка која предвидува вработување во веќе постоечки правни субјекти, заедно со мерката за самовработување со кредитирање која се однесува на отворање бизнис и вработување на невработени лица, се одвоени околу пет милиони евра. Доколку постои поголем интерес, што е и наша интенција веројатно е и квантумот на предвидени средства да биде зголемен, појасни .

„Сакаме да апелираме до микро и малите претпријатија да ја разгледаат сериозно оваа опција, да се охрабрат и да аплицираат за средствата кои се исклучително поволни. Оваа мерка е една од најновите во Оперативниот план, искуствата покажуваат дека со секој нов оглас расте бројот на апликанти и ние сакаме тој позитивен тренд да продолжи. Доколку постоеле одредени стереотипи, тие се надминуваат, и веќе околу 200 правни субјекти се во процес на заокружување или го заокружиле овој процес и добиле средства, и во нив во постапка за вработување или веќе се вработени над 250 лица. Искуството покажува дека ова е добра можност за користење на средства за развој на бизнисот и вработување на граѓаните и секој субјект е добредојден за апликација“, рече владиниот портпарол најавувајќи нови слични владини проекти чија цел е зголемување на бројот вработени лица во земјата./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM

Објавено пред

AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.

Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.

Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.

Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.

Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.

Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.

Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија17 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија17 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија18 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија19 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија20 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија20 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет21 час

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија21 час

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет23 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет23 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион23 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет23 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа24 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет24 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија2 дена

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија2 дена

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија2 дена

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија2 дена

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....