Економија
Кина заинтересирана за своја индустриска зона во Македонија
Кинескиот претседател Џипинг Си вети дека кинеската страна со внимание ќе го разгледа предлогот за отворање на технолошко индустриска зона наменета за кинеските компании, која беше изнесена од македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски.
Според соговорниците меѓусебните односи во континуитет бележат нагорен тренд и се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и високиот степен на доверба.
Премиерот Груевски рекол дека соработката со Народна Република Кина, за Македонија значи стратегиско партнерство, особено во полето на развојот на економските односи, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.
„Соговорниците заклучија дека областите каде може да се забележи значителна соработка е инфраструктурата и градежништвото, енергетиката, како и медицината“, информираат од владата.
Премиерот Груевски го запознал претседателот Џипинг Си со реформите кои се спроведуваат во нашата земја, како и со мерките кои ги презема Владата во контекст на привлекување на инвестиции и бројните поволности за водење на бизнис.
Ја реафирмирал отворената поволна опција на македонската Влада за изградба на технолошко индустриска развојна зона наменета само за кинески компании во нашата земја, при што детално беа презентирани предностите и условите кои се важни при одлучувањето кинеските компании своите бизниси за покривање на потребите на европскиот пазар да ги лоцираат и да инвестираат во Република Македонија.
Претседателот Џипинг Си потенцираше дека кинеската страна со внимание ќе го разгледа предлогот за отворање на технолошко индустриска зона наменета за кинеските компании, истакнувајќи дека посетата на македонската делегација ја оправдува својата цел и говори за вистинско пријателство меѓу двете држави.
Во однос на иницијативата на Кина за алоцирање на 10 милијарди долари средства на кинеската Влада за финансирање проекти, премиерот Груевски истакна дека Република Македонија во целост е подготвена да учествува во неа со конкретни проекти.
Претседателот Џипинг Си, смета дека учеството на Република Македонија на Конференцијата за соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа покажува дека постои процес на постојано унапредување на релациите меѓу двете држави, факт кој што НР Кина го вреднува.
Кинескиот Претседател го поздрави нагорниот тренд на развој на политичко економските односи помеѓу двете држави, потенцирајќи дека постои простор за понатамошно нивно интензивирање, особено во полето на економијата која е од значаен интерес на кинеската држава, чии добри економски резултати се должат на развојот на индустријата, земјоделието, технологијата и градежништвото, што во основа се полиња на интерес и на Република Македонија.
Тој позитивно ги оцени напорите и реформите на полето на економијата кои се прават во Република Македонија додавајќи дека тие се охрабрувачки и сигурно ќе привлечат внимание на глобалните кинески компании.
На средбата двајцата соговорници се осврнаа и на можностите за соработка во полето на туризмот, образованието и медицината./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

