Економија
Македонија може да биде порта на Кина кон Европа

Обраќајќи се на Конференцијата организирана од Секретаријатот за соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, премиерот Никола Груевски, во среда во Чонгкинг, Кина, ги претстави инвестициските можноста на Македонија и одличното рангирање на „Дуинг бизнис“.
Конференцијата е на иницијатива на кинеската Влада, а организирана од кинеското Министерството за надворешни работи и локалната самоуправа на Чонгкинг чија цел е интензивирање на економската и политичката соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа што претставува стратешка определба на кинеската држава.
На оваа конференција учествуваат претставници од 16 региони, градоначалници и лидери, меѓу кои и романскиот премиер, Виктор Понта и градоначалникот на Чонгкинг, Нуанг Кифан, кинескиот заменик министер за надворешни работи, Сонг Таом и други.
Премиерот истакна дека одличните кинеско – македонски политички и економски односи забележуваат значителен напредок на различни полиња.
„Двете земји се посветени на промовирање на инвестициите во инфраструктурата, земјоделието, образованието и туризмот, како нови области за раст на билатералната соработка. Постојат и многу други развојни можности, создадени преку постојаното унапредување на деловното окружување“, рече Груевски.
Информира дека Македонија воведе посебни поволности за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони, каде што постои 10 – годишно ослободување од данокот на доход и персоналниот данок, а производите кои се користат од увоз за продукти кои се прават во зоните и кои се извезуваат, не подлежат на царина ниту на ДДВ.
„Поради големиот интерес од страна на странските инвеститори, се отвораат уште десетина развојни зони низ целата држава. Тие нудат многу поволни услови кои се одлично прифатени од страна на мултинационалните компании“, изјави премиерот Груевски во своето обраќање.
Премиерот потенцираше дека десетици интернационални компании од Европа, САД и Русија веќе инвестираа во изминатите години во Македонија, и посочи дека е значајно што и кинески, индиски и катарски компании изразуваат многу сериозен интерес за лоцирање на нивните производствени капацитети во Македонија.
„Македонија се наоѓа меѓу најреформски ориентираните земји според Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ и тоа веќе неколку години по ред. Македонија сега се наоѓа на 23. позиција и е повисоко рангирана во однос на леснотијата за водење бизнис од која било земја од Централна, Источна и Југоисточна Европа и се наоѓа пред 20 од 28 земји членки на ЕУ“, изјави Груевски.
Премиерот Груевски истакна дека Македонија може да претставува извонредна порта на кинеските компании кои сакаат да произведуваат и продаваат на европскиот пазар. Нивното производство ќе биде со најниски даноци, и преку договорите за слободна трговија кои ги имаме потпишано со сите земји на континентот Европа, ќе имаат пристап до 660 милионски пазар во Европа без никакви дополнителни давачки, ќе имаат пристап и до образована работна сила која ќе придонесува во продуктивноста и ефикасноста и која се ангажира за оптимални и не високи трошоци и ќе можат да водат доходовен бизнис.
Соработката на полето на инвестициите и кинеската финансиска поддршка на развојот на Европа ќе придонесе и за креирање на продлабочени и конструктивни односи помеѓу граѓаните и ќе обезбедуваат подобри услови за живот и поконкурентни услови за економски раст и напредок. „Тоа е пораката која сакаме да ја пратиме одовде, за посреќни граѓани, за блискост помеѓу народите и државите“, посочи премиерот Груевски.
Чонгкинг е еден од најразвиените економски, трговски и индустриски центри во НР Кина со вкупна површина од 82 илјади километри квадратни и популација од 33 400 000 жители. Чонгкинг оствари БДП во 2012 година кој е втор по успех во цела Кина./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.