Економија
Кинескиот раст во втората половина на 7,6 отсто, зголемени ризиците
Кинеската економија ќе порасне во втората половина од 2013 година на 7,6 отсто, но ризиците поврзани со долгот на локалните институции на управата, бавниот раст на приходите на централната влада и намалената извозна конкурентност се сé поизразени, објави во четвртокот службениот весник China Securities Journal.
Кинескиот модел на економски раст и натаму во основа е стабилен, истакнуваат авторите на извештајот од одделот за економски истражувања во Државниот информативен центар на Кина. Така, инфлацијата во текот на целата 2013 година би требала да достигне умерени 2,5 отсто, а владата би требала да ги потврди целените стапки на раст и да ја задржи актуелната финансиска и монетарна политика.
Предупредуваат, сепак, дека долгот на локалните институции на управата претставува се поголем ризик за економското заздравување, како и прекумерните капацитети во индустријата, зајакнатите вложувања во недвижнини и зајакнувањето на домашната валута јуанот, како закана за конкурентноста на кинескиот извоз.
Оттаму, се препорачува, дека владата во Пекинг би требала да ја прилагоди монетарната и финансиската политика, за да го поддржи растот и истовремено да го „отстрани отпадот“.
Во последниот период многу економисти ги намалија прогнозите за растот на втората според обемот светска економија, поради низата послаби економски показатели. Така, некои од нив прогнозираат дека кинеската влада неа да ја оствари целента стапка на раст за годинава од 7,5 отсто. Минатата 2012 година, инаку, кинеската економија порасна за 7,8 отсто, со најбавното темпо во последните тринаесет години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

