Економија
ММФ ја намали прогнозата за Италија, и бара реформи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за раст на италијанската економија, предупредувајќи дека изгледите за третата според големината економија во еврозоната и натаму слабее, а невработеноста е неприфатливо висока.
Во годишниот извештај на ММФ за Италија се прогнозира дека активностите во италијанската економија ќе се намалат во 2013 година за 1,8 отсто, во однос на претходно прогнозираното намалување од 1,5 отсто.
Следната 2014 година, пак, би требало да порасне за 0,7 отсто, иако во ММФ предупредуваат на можни пречки, како што е потфрлувањето во мерките за штедење и недостигот од кредити.
Продолжената рецесија ќе го зголеми уделот на ненаплатливите кредити во портфељите на банките, особено кога станува збор за малите претпријатија и градежниот сектор и „ќе ја поттикне загриженоста за фискалната позиција на земјата“, се истакнува во извештајот. Во ММФ констатираат, исто така, дека рецесијата ги „подјадува квалитетите на сопственостите и профитабилноста на италијанските банки“.
Претпазливото заздравување на економијата ќе биде главно резултат на извозните приходи и умерената промена на трендот во вложувањата благодарејќи на исплатата на милијарди евра државен долг кон приватните добавувачи, проценуваат во извештајот на ММФ за Италија.
Се додава дека владата во Рим би требало да ги забрза реформите и да ја спроведе долго одложуваната приватизација. „Забрзувањето на реформите ќе биде клучно за придвижување на растот и отворање на работни места“, нагласуваат во ММФ, предупредувајќи дека расположението на пазарите е „кревко“.
„Изгледите за раст на економијата во Италија е зајакнат во среднорочна перспектива само доколку бидат спроведени опсежни реформи“, се заклучува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд за Италија. Притоа се изразува противење на укинувањето на данокот на купување на првата недвижнина, бидејќи според ММФ тој е поефикасен од другите даноци.
Помошникот на директорот на ММФ за Европа, Кенет Канг, го издвојува клучното значење и улога на структурните реформи, вклучувајќи ги и пониските трошоци за електрична енергија, намалувањето на бирократските процедури и престројувањето на правосудниот систем.
Додава и дека ниската стапка на вработеноста меѓу младите би требало да биде приближена на онаа за Европа, што би можело да го зголеми бруто домашниот производ (БДП) и до 2,5-процентни поени.
Вработеноста, според Канг, меѓу другото би можела да се поттикне и со „пофлексибилните договори на одредено“ во кои заштитувањето на работните места со време би се зајакнувала. Тоа на младите луѓе би им го олеснувало вклучувањето во работната сила на земјата, имајќи предвид дека работодавците во моментов не се наклонети за вработувањето работници на неодредено време, додава помошникот на директор за Европа во ММФ.
Од Меѓународниот монетарен фонд, исто така, ја повикуваат Италија да вложи поголеми напори во подигнувањето на моментално ниската продуктивност и јакнењето на нарушената конкурентност, како и на намалувањето на даноците на трудот и на капиталот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.