Економија
Македонска бизнис делегација во Париз ги презентираше потенцијалите за инвестирање во Македонија
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, на бизнис форум во Париз ги претстави потенцијалите за инвестирање во инфраструктурата и енергетскиот сектор.
Воедно се осврна и на владините заложби за јакнење на потенцијалите за инвестиции како и на тековните реформи во државните институции, образованието и инфраструктурата кои се насочени кон унапредување на условите за водење бизнис и обезбедување на поголем развој на македонската економија.
Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, пред присутните на бизнис форумот ги претстави инвестициските можности во земјоделскиот и ИТ секторот и ги престави идните мерки кои ќе ги унапредат подобностите на овие сектори.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, со својата презентација ги информираше присутните за поволностите со кои се стекнуваат странските инвеститори присутни во технолошко – индустриските развојни зони, како што се даночното ослободување за реинвестирана добивка и ослободувањето од данокот на добивка и данокот на доход во првите 10 години. Виктор Мизо особено го нагласи потенцијалот за инвестирање во туристичките развојни зони и туристичкиот сектор.
За време на форумот свое обраќање имаа и претставници на француски компании кои се веќе присутни во Македонија, при што пред нивните сонародници ги презентираа позитивните бизнис искуства стекнати при водењето бизнис во Македонија.
Владината делегација оствари повеќе поединечни средби со претставници на француските компании и комори, кои изразија иницијален интерес за инвестирање во нашата земја.
Форумот е организиран од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во соработка со Ubifrance – Француска агенција за меѓународен развој на бизнисот, основана од француското министерство за економија, финансии и индустрија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

