Економија
Македонските инвестициски можности презентирани пред бизнисмени во Хамбург

Потпретседателот на стопанската комора на Хамбург, Јенс Петер Брајтенгрос, смета дека вложувањата во инфраструктурата, како и инвестицискиот и економскиот развој кој го прави Македонија во последниот период е одличен показател за правење на бизнис и дека за тоа мора да се оддаде признание на премиерот Никола Груевски кој се заложува за реформи за таков напредок.
Брајтенгрос рекол дека во периодот на европски негативни економски текови овозможувањето на стабилноста на македонската валута, и нискиот степен на инфлација придонесоа за позитивните македонски макроекономски резултати кои се реткост и остануваат предизвик дури и во рамките на Европската Унија.
Според него, создавањето на здрава околина за инвестирање во приватниот сектор, атрактивниот даночен пакет и рамниот данок се предизвик за многу инвеститори кои ги охрабрува да ги искористат придобивките кои ги нуди Македонија.
Бизнис форумот во Хамбург, каде присуствува премиерот Никола Груевски, со делегација составена од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој се придружи по бизнис форумот во Париз, потоа министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е во организација на Стопанската комора на Хамбург, и на него учествуваа претставници на компании од фармацевтската индустрија, градежништвото, прехранбената индустрија и енергетиката.
На бизнис форумот свое учество зема и здружението за Централна и Источна Европа кое обединува претпријатија кои својот капитал го дисперзираат во тој дел на европскиот континент.
Груевски акцентирајќи дека Хамбург е градот кој го создава највисокиот бруто домашен производ по жител од сите федерални германски држави, и е град кој инвестира во услужниот сектор и индустриите втемелени на знаења, посочи дека токму тие платформи ја претставуваат суштината на цврстата германска економија и истовремено се и значајна конкурентска предност која овозможува ширење на капиталот и разгледување на нови инвестициски можности за германските компании.
Премиерот Груевски како предности за инвестиции во нашата земја ги истакна и потпишаните договори за слободна трговија со Европската Унија и земјите од ЕФТА и ЦЕФТА, како и со Турција и Украина, кои обезбедуваат пристап до пазар од 660 милиони потрошувачи, а се осврна и на поволниот и низок даночен пакет кој се нуди на компаниите, кој опфаќа единствена стапка од само 10% на персоналниот данок на доход и 10% на данокот на добивка.
Вицепремиерот Пешевски се осврна на реформите кои се спроведуваат за намалување на процедурите за водење на бизнис и инвестициите во образованието кои имаат за цел креирање на добро образована работна сила. Тој истакна дека драстично се намали административниот и регулаторниот товар за водење бизнис, а во неколку фази беше спроведен и проектот Регулаторна гилотина, со кој се поедноставија дел од прописите и се укинаа несуштинските обврски за бизнисите.
„Задолжителното и бесплатно средно образование, бесплатните учебници, обезбедување на компјутер за секое дете, отворањето на нови дисперзирани студии и универзитети се дел од проектите кои значително го подобрија образовниот профил и квалитет на достапна работна сила“, истакна вицепремиерот Пешевски.
Министерот Бил Павлески ги претстави можностите за инвестиции во туризмот, во енергетиката и во градежништвото. Тој истакна дека Владата има воведено едношалтерски систем во царината и даночната администрација, и дека се донесени мерки во делот со управување со градежно земјиште, со што е поедноставена постапката за градење, намалени се комуналиите и воведени се субвенции за тур-операторите.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Мизо подетално ги објасни можностите за инвестирање кои им стојат на располагање на инвеститорите во отворените технолошки индустриски развојни зони кои на заинтересираните им нудат низа поволности. Мизо посочи дека оперативни се три зони, но Владата гради уште десет други кои ќе им се на располагање на странските инвеститори./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски: Со кампања ја подигаме свеста за купување домашни земјоделски производи

Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ имаше обраќање на денешната трибина на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“, која се одржа во општина Струмица. Трипуновски зборуваше околу кампањата која би била насловена Македонско најдобро, а целта е да се подигне свеста за важноста од купувањето на домашни земјоделски производи и преработки со што се поддржуваат земјоделците и економијата во земјава. Тој додаде дека во рамки на кампањата ќе биде воведена и платформа која ќе овозможи лесен пристап до информации за производителите и продавачите на земјоделски производи, како и подобра евиденција на земјоделското производство во Македонија.
„Во изминатите месеци работевме еден проект кој сакаме да поттикнеме купување на домашни македонски земјоделски производи. Исто така и преработки. Кампањата би се викала Македонско најдобро, во текот на наредните 10тина дена ќе има и официјална презентација на истата кaмпaња со сите цели и аспекти кои што истата треба да се спроведат и да се постигнат“, рече Трипуновски.
Трипуновски истакна дека купувањето македонски земјоделски производи значи поддршка за домашните земјоделци, преработувачи и целата економија.
„Она што е суштината, сржта на оваа кампања е да ја подигнеме свеста кај македонскиот потрошувач дека со купувањето на македонските земјоделски производи и преработки од истите при самото купување помагаме пред се на оној кој што го произведува тој производ. Тоа е оној почитуван земјоделец којшто упорно работи надвор на полињата за да произведе и да имаме доволна количина на храна. При самото купување на било кој земјоделски производ, ја помагаме и домашната економија, ги помагаме сите преработувачи кои што учествуваат во секторот бидејќи истите имаат вработени кои што делат плата и едноставно нивните семејства ги издржуваат“, вели Трипуновски.
Тој посочи дека кампањата е добро прифатена од јавноста, а новина е воведувањето на платформа што ќе овозможи поврзување на производители, преработувачи и потрошувачи, со цел полесен пристап до домашни земјоделски производи и подобра евиденција на производството.
„Првиот впечаток од јавноста дека кампањата е убаво прифатена, исто така една од новините во оваа кампања ќе биде една платформа која што ќе биде изработена. Во платформата ќе имаме регистрација на сите земјоделски производители по тип на производство. Исто така ќе бидат регистрирани сите потрошувачи односно сите маркети, сите производители и преработувачи на земјоделски производи. Секој еден граѓанин со еден клик ќе може да си избере тип на производ кој што го сака да го купи, каде тој се продава од неговото место на живеење и на тој начин ќе имаме една база на податоци која што ќе значи целокупна евиденција на целокупното земјоделско производство во нашата држава,“ кажа Трипуновски.
Трипуновски додаде дека кампањата има за цел преку медиумска промоција да ја поттикне свеста кај потрошувачите за значењето на купувањето домашни земјоделски производи, со што, според него, директно се поддржуваат земјоделците, селото и македонската економија.
„Оваа кампања ќе биде пропратена со низа на медиумски елементи што ќе значи промоција на домашното производство, единствено целта е да ја подигнеме свеста кај потрошувачот, бидејќи со секое купување на било кој земјоделски производ ја помагаме нашата економија, нашето село и нашиот земјоделец којшто вредно работи“, заклучи Трипуновски.
Економија
Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, истакна дека клучната поента е стабилизација на економијата, преку растот на БДП од 3% и зголемената економска активност во сите сектори. Тој посочи дека особено е значајна поддршката од страна на Владата за локалната самоуправа, со цел да се унапреди развојот на општините како основа за стабилна држава.
,,Клучна поента, клучен збор е стабилизација. Стабилизација со 3% раст во првиот квартал на БДП. За мене клучна поента на целокупниот документ наречен Ребаланс или предлог за измени и дополнување на буџетот е стабилизацијата која што јас ја гледам како одлична основа“, рече Пенков.
Пенков истакна дека буџетскиот дефицит останува стабилен што значи дека одговорно се управува со јавните финансии.
,,На приходната страна се проектирани 362 милијарди 377 милиони денари, а на расходната страна имаме проектирано 403 милијарди 727 милиони денари. Дефицитот, останува ист. Проектирана 41 милијарда и 350 милиони денари, т.е нема промена во висината на буџетскиот дефицит. Според доставените податоците, секако и во директна комуникација со заменикот министер, заклучивме дека станува збор за економски термин реалокација на средства“ истакна Пенков.
Пенков посочи дека БДП во првиот квартал од 2025 година пораснал за 3%, што укажува на продолжена стабилизација и зголемена економска активност во сите сектори.
,,Најважниот показател, БДП, во првиот квартал во 2025 година расте со стапка од 3%. Односно, продолжува позитивниот тренд. Она што во експозето на заменик министерот стои како продолжена стабилизација, мислам дека е јасно зошто, затоа и во претходните два квартали имаме исклучително позитивна стапка на раст меѓутоа за мене најважно е како е настанат тој раст. Со зголемена економска активност во сите сектори. Посебно ги издвојувам градежништовото со 7,1% меѓутоа не помалку важно и растот во преработувачката индустрија, со 3,7 процентни поенти“, кажа Пенков.
Според Пенков, растот на БДП се должи на зголемената домашна побарувачка, значаен раст на бруто инвестициите и позитивен придонес од растот на извозот.
,,На расходната страна растот на БДП се должи на зголемена домашна побарувачка. Бруто инвестициите имаат раст од 18% и на сето ова може слободно да додадеме и еден позитивен сигнал од растот на извозот од 1,2% на реална основа“, рече Пенков, и додаде:
,,Стапката на невработеност, често пати е екплоатирана тема, 11,7% и имаме намалување од 0,2 процентни поени додека стапката на вработеност во истиот период изнесува 46,3%“.
Тој посочи и на поддршката на Владата за општините преку финансирање инфраструктурни проекти и обезбедување финансиска стабилност, бидејќи според него, развиени општини се основа за развиена држава.
,,Многу значајна продолжува и останува поддршката на Владата до единиците на локалната самоуправа по најмалку два сегменти, првата е да се овозможи финансирање на инфраструктурни проекти од една страна и од друга страна да се работи на финансиската стабилност за единиците на локалната самоуправа. Затоа што конечно сите мораме да разбереме дека една држава за да биде развиена мора да има развиени општини“, додаде Пенков.
Пенков истакна дека Владата има приоритет да ги развие локалните самоуправи преку продолжување на децентрализацијата, пренесувајќи надлежности од централната власт на општините, со цел подобри услуги за граѓаните.
,,Врвниот приоритет на Владата се развиени единици на локалната самоуправа од една страна а од друга страна е продолжување на процесот на децентрализација, тоа значи надлежностите кои што ги имаат органите на управата кои што се по директни јурисдикција на Владата постепено да се пренесат на единиците на локалната самоуправа и тоа јас сум убеден дека ќе биде дополнителен инпут за секоја општина и за граѓаните на таа општина“, заклучи Пенков.
Економија
(Видео) Мицкоски: Нова инвестиција од 30 милиони евра и 300 нови вработувања

Gentherm со нов инвестициски циклус го потврдува она што сите го чувствуваме, дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции, истакна
премиерот Христијан Мицкоски.
Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања и станува збор за високо интегрирани системи за автомобилската индустрија – со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот и ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар, најави Мицкоски.
Со тоа, како што рече, стануваме регионален хаб на Gentherm за Европа.
Ова, додаде Мицкоски не е само уште една инвестиција туку двигател на нашата економија.
„Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење, умеење и труд. Во време кога владите трошеа енергија на корупција, на непотизам и на лажни ветувања, ние градиме реално, отвораме фабрики, носиме инвеститори, креираме иднина.
Се бориме за секој инвеститор домашен и странски. За секоја нова хала, секое ново работно место, секој денар инвестиран овде“, додаде тој.
Оцени дека економијата не се води со пароли, туку со проекти, со партнерства и со сигурни инвестиции.
„Gentherm е уште еден доказ дека доаѓа времето на Македонија“.