Економија
Британија го препушта надзорот на либорот на NYSE Euronext

Велика Британија објави во вторникот дека утврдувањето на клучните камати за меѓубанкарските позајмици ткн либор во иднина ќе биде под надзор на берзанскиот оператор NYSE Euronext.
Новиот управител би требало да ја обнови веродостојноста на влијателните понудбените камати за меѓубанкарските позајмици на лондонскиот пазар, објави во вторникот британското министерство за финансии.
„Именувањето на предложениот нов управител е важен чекор во реформите на либорот“, истакна министерство за финансии, цитирано од AFP.
Здружението на британските банкари (BBA) мораше да се откаже од работењето со надзорот поп скандалот со договарањето на каматата којашто влијае врз финансиските договори во целит свет со вкупна вредност од околу 300 илјади милијарди американски долари.
Британските и американските регулатори ја казнија минатата 2012 година британската банка „Barclays“ со парична казна од 470 милиони долари поради обидот за манипулација со либорот и еуриборот, неговиот пандан во еврозоната, во периодот од 2005 до 2009 година.
Во меѓувреме високи казни поради сомневање за договарање на висината на каматите им беа одредени и на британската „Royal Bank of Scotland“ и на швајцарскиот кредитен гигант UBS.
Скандалот со договарањето на либорот многу му наштети на реномето на BBA и ја доведе во прашање веродостојноста на самата камата и во февруари 2012 година беше објавен конкурс за избор на нов управител. Постапката за изборот ја надгледуваше независна комисија предводена од бароницата Сара Хог.
Повикувајќи се на неименувани извори, влијателниот финансиски дневен весник The Financial Times, пишува дека NYSE Euronext е избран во конкуренција на неколку групации, меѓу кои Bloomberg и London Stock Exchange, како и влијателната компанија за собирање, обработка и анализа на економските податоци лондонската Markit./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.