Економија
Јужна Кореја: САД да внимава со промената на монетарната политика
Јужна Кореја најави во вторникот дека на овонеделниот состанок на групата Г20 во Москва ќе побара од САД да водат сметка за тоа како промената на нивната монетарна политика ќе влијае врз светската економија.
Прашањата кои ги отвора американското „укинување на неконвенционалните мерки на монетарната политика“ ќе бидат разгледани на состанокот на министрите за финансии и гувернерите на групата 20 најразвиени и економии во развој, кој ќе се одржи од среда до петок, соопшти јужнокорејското министерство за стратегија и финансии.„САД мораат внимателно да ја одредат временската рамка, брзина и методи на излезна стратегија, водејќи сметка не само за сопствената состојба туку и за тоа како нивните потези ќе влијаат на светот’, се истакнува во соопштението.Јужна Кореја како и останатите држави стравуваат од забрзан одлив на капиталот откако САД ќе почнат да ја намалуваат опсежната програма за откуп на обврзници и со тоа да поттикнат раст на каматите ширум светот.Валутите на многу држави во светот, вклучително и Јужна Кореја, нагло ослабнаа минатиот месец, а нивните финансиски пазари забележаа остар пад откако функционерите на американската централна банка со своите изјави поттикнаа шпекулации дека Fed наскоро ќе почне да ги укинува поттикнувачките мерки.Од јужнокорејското министерство за финансии наведуваат дека САД во иднина би требало недвосмислено да ги известува пазарите за насоките на својата монетарна политика со цел да се минимизира неизвесноста. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

