Економија
Македонски производи ќе се тестираат во Индонезија

Вкупно 20 македонски производи, кои имаат Халал Сертификат ќе бидат тестирани во наредните денови во еден од најголемите синџири на супермаркети во Индонезија.
Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани По минатогодишната посета на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски во Индонезија, и по вложениот труд за преговори за пласман на македонски производи на индонезискиот пазар, продолжува економската соработка помеѓу Македонија и Индонезија. Извршниот директор на Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија-Пацифик, Владимир Кофчегарски, како дел од роуд шоуто во Југоисточна Азија, во последните два месеци, деновиве во Џакарта се сретна со претставници од Стопанската комора на Индонезија – Кадин, каде заедно со Оливер Оехмс – Виш советник за Трговија и Инвестиции, Хари Ханави – Претседател за безбедност на храна и член на Одборот на Стопанската комора и Фачри Тхаиб разговараа за инвестициските потенцијали на Македонија како и за намалувањето на трговскиот дефицит од 100 милиони кој Македонија го бележи со Индонезија. “Оваа посета се одржи со цел да се продолжи она што го започна Министерот за надворешни работи Никола Попоски, од страна на Македонската Влада. Нашата примарна цел е намалување на трговскиот дефицит, а воедно и за презентација на Македонија како поволна инвестициска дестинација за Индонезиските компании, а и за промоција на туристичките потенцијали на нашата земја”, изјави Кофчегарски “Ги повикуваме македонските компании да инвестираат во Индонезија. Спремни сме да им помогнеме на Вашите корпорации кои би биле заинтересирани за влез во Југоисточна Азија преку Индонезија. Иако сте мала земја, сепак имате шанса за прогрес во Југоисточна Азија, особено во Индонезија”,изјави Оливер Оехмс. Индонезија претставува економски лидер во Југоисточна Азија со годишен раст од 6,8% и популација од 250 милиони жители. Растот на економијата се должи на државната интервенција, каде 160 – те корпорации во сопственост на Државата, претставуваат основа на Индонезиската економија. Покрај состанокот со Стопанската комора, Македонскиот совет за Надворешна трговија имаше одделни средби со неколку клучни инвеститори кои се заинтересирани за влез во Европа преку Македонија. “Имавме средба со некои потенцијални инвеститори, каде ја презентиравме Македонија како одлична дестинација, односно како влезна врата на Индонезиските компании во Европа. Веќе добивме најава за посета во октомври годинава, каде на лице место ќе се уверат во нашите потенцијали и можности од каде нивните производи ќе можат да се пласираат во според нив лукративниот Европски пазар” , додаде Кофчегарски. Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија – Пацифик, како дел од ова роуд шоу, продолжува со својата агенда и отварање на нови пазари за македонските производи во Југоисточна Азија. “Индонезија е одличен пазар за нас и нашите производи со Халал Сертификат. Имавме средба со еден од најголемите хипер-маркети во Индонезија каде лично ги презентиравме Македонските производи. Одбрани се 20 произвои кои треба да го поминат тестот пред нивните конзументи, каде по оваа процедура, следи регистрација на одбраните производи и склучување на ексклузивни договори. Уверен сум дека на почетокот на следната година Македонските производи ќе влезат на овој пазар”, информираше додаде Кофчегарски. Со оваа посета, Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија – Пацифик, го заврши двомесечното роуд шоу во Филипините, Тајланд, Виетнам, Малезија и Индонезија каде Македонија е презентирана како одлична дестинација за инвестиции и веќе се склучени договори за соработка со неколку дистрибутери на храна кои македонските производи наскоро ќе се најдат на полиците во супер-маркетите во овие земји. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.