Економија
Македонски железници набавува 150 товарни вагони

Тендер за набавка на 150 нови товарни вагони објави јавното претпријатие „Македонски железници – Транспорт“, а со кои треба да ја подобри конкурентноста на превоз на товар и патници.
„Предвидено е да се набават 75 товарни вагони за превоз на метали и исто толку за превоз на руда и јаглен. Вагоните се модерни и ќе можат да се користат и на европските железници. И двата типа на вагони се одбрани да одговараат на стопанските трендови на Македонија, на регионалниот пазар на транспортни услуги и да ги задоволуваат европските стандарди“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
За оваа набавка ќе се потрошат околу 15 милиони евра, според пазарната цена на вагоните. Постапката за нивна набавка треба да заврши до крајот на годината, а веќе следната година новите вагони треба да сообраќаат на пругите во земјава.
Вагоните ќе се набават со пари од кредитот од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) кој изнесува 50 милиони евра, а владата во оваа инвестиција учествува само сo износот на ДДВ.
„Од нив 15 милиони евра се планирани за набавка на товарните вагони, 10 милиони евра за рехабилитација на возовите и 25 милиони евра за шест сетови на патнички вагони. За нив тендерите ќе бидат распишани најдоцна до средината на август“, рече Јанакиески.
Со обновата на возниот парк на МЖ -Транспорт се очекува зголемување на превозот на товар и патници.
Директорот на Македонски железници – Транспорт, Оливер Дерковски не очекува зголемување на цената на превозот, затоа што со новите вагони за превоз на товар и патници, претпријатието нема да ги прави сегашните трошоци за одржување на сегашните вагони.
„Со ставaњето во погон на овие вагони очекуваме наместо да губиме, да обезбедуваме заработка со која ќе го отплаќаме кредитот“, вели Дерковски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.