Економија
Значителен пад на побарувачката во најсилните економии на еврозоната
Прометот во трговијата на мало во Германија во јуни намален е за 1,5 отсто во однос на минатиот месец, што е најголем пад во оваа година, покажаа податоците на германскиот завод за статистика, за пад на личната потрошувачка известија и заводи за статистика на Франција и на Шпанија.
На годишно ниво, прометот во трговијата се намалил во Германија за 2,8 отсто, што е исто така најголем пад во 2013 година, а е последица на падот на потрошувачката на храна, пијалоци и тутун за три отсто.„Личната потрошувачка, која беше главна перјаница во првиот квартал, и помогна на најголемата европска економија да избегне рецесија, придонесувајќи со 0,4 отсотни поени во БДП-то, во околности на послаби инвестиции и надворешна трговија.Довербата на потрошувачите, според податоците на GfK за август, сепак остана многу силна, достигнувајќи највисоко ниво за речиси шест месеци. Одвоено, францускиот завод за статистика објави дека потрошувачката во втората по големина економија на еврозоната јуни е намалена за 0,8 отсто на месечно ниво. Ова најмногу се должи на падот на потрошувачката на енергија со оглед дека по студениот мај времето значително се подобри.Гледано на квартално ниво, личната потрошувачка во Франција во вториот квартал бележи раст од 0,3 отсто, кој воглавно доаѓа од побарувачката за енергенси.„Овие податоци се нови во низата докази кои упатуваат дека француската економија можеби се извлекла од рецесија за време на второто тримесечје. И натаму, меѓутоа, очекуваме личната потрошувачка да остане под притисоци и во втората половина од годината и тоа пред се поради продолжената многу тешка состојба на пазарот на труд“, рече Диего Искаро, од компанијата ИХС Global Insight.Состојбата останува тешка и по прашањето на личната потрошувачка во шпанија, четвртата по големина економија на еврозоната. Во јуни таа е намалена 36-ти месец по ред и тоа за 5,1 отсто во споредба со истиот месец во претходната година, додека во мај падна 4,6 отсто на годишно ниво.„Не е тајна дека домашната побарувачка останува многу слаба со оглед дека потрошувачката е силно погодена од високата невработеност и строгите мерки на штедење“, рече аналитичарот во Deutsche bank Жил Мок.Шпанија се наоѓа во рецесија од крајот на 2011 година, но новите податоци укажуваат дека во второто тромесечје е забележан пад од само 0,1 отсто. Невработеноста во оваа држава е 26 отсто и е меѓу најголемите во ЕУ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

