Контакт

Економија

Присуството на српската стока на косовскиот пазар над 800 милиони евра

Објавено пред

Економските експерти од Косово оценуваат дека минатата година на косовскиот пазар била внесена стока од Србија во висина од над 800 милиони евра. Нјаголемиот дел од истата била внесена нелегално.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Гералџиу за Гласот на Америка, програма на албански јазик изјави дека овие податоците говорат дека има потреба од институционализирање на трговската размена и бизнис меѓу двете држави.

Во оваа насока треба да се гледа и Спогодбата за разбирање што деновиве Косовската комора ја потпиша со Стоанската комора на Србија.

Гералџиу додава дека според Спогодбата ќе започне и соработката на царините, даночната администрација, ветеринарните служби и други институции на Косово и Србија сè со цел да се воспостави целосно институционализирање на трговската размена и пласманот на стоки.

„После би било добро да следи и подготовка на заеднички проекти за средства од Европските фондови, а сето тоа ќе ги намали и постојните тензии меѓу Косово и Србија“, истакнува Гералџиу. /крај/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Македонските винарии се закитија со 162 награди на 13 Балкански меѓународен натпревар и фестивал за вино

Објавено пред

Голем успех на македонските винарии постигнат на 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival, што се одржа оваа година во две држави Турција и Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Како држава докажавме дека имаме со што да се гордееме, дека винскиот сектор го поставивиме на вистинските патеки, а македонското вино го искачивме високо на светската винска карта, велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во силна винска конкуренција со над 1200 вински етикети презентирани од винариите на 16 држави учеснички, македонските винарии освоија вкупно 162 награди.

Трофеј за органско вино освои Винарија Брзанов, Винаријата Лазар освои трофеј за домоделно бело, а трофеј за најдобро регионално вино освои Винарија Илиев. Дополнително македонските винарии на овој натпревар освоија 3 двојни злата, 47 златни медали, 69 сребрени медали и 40 бронзени медали.

Македонски семејни винарии и на овој вински натпревар се покажаа во одлично издание, оправдувајќи ја поддршката која во својот развој ја имаат од државата, освојувајќи 81 награда што е половина од вкупната бројка на наградени македонски вина.

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочоска: Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет, но ќе работиме

Објавено пред

Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада, објави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.

dobivaj vesti na viber

„Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав. Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме. Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот. Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник.“, изјави Димитриеска Кочоска.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскапуваат горивата

Објавено пред

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат 1,00 денар/л во однос на одлуката од 14.6.2024, и со тоа малопродажната цена на ЕВРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,00 денар/л, а цената на ЕВРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,00 денари/л.

dobivaj vesti na viber

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат 0,50 денари/л и цената на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 денари/л, а на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 73,00 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,819 денари/кг и ќе изнесува 44,458 денари/кг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која...

Македонија2 часа

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов, почина на 89-годишна возраст. Андов е роден во...

Македонија3 часа

Колку ги чинеше граѓаните театарот за фабриката за електроавтомобили, прашуваат од партијата Левица

„Компанијата за производство на електрични возила од Ахен, Next.E.Go, банкротира и, дефинитивно, оди во стечај. Next.E.Go, или кај нас познати...

Топ4 часа

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во бездна длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет5 часа

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...

Македонија5 часа

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина...

Свет5 часа

Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден

Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден...

Свет5 часа

Путин пристигнува во посета на Северна Кореја, првпат по 24 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по...

Свет5 часа

Најмалку 17 лица загинаа во бегалскиот камп Нусејрат во Газа

Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува...

Свет5 часа

Тројца убиени во престрелка во Торонто, полицијата се сомнева дека меѓу нив е и убиецот

Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува дека напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски...

Топ17 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized18 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија20 часа

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ21 час

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија1 ден

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура1 ден

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија1 ден

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија1 ден

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...