Економија
Србија одново се закани со контрамерки за Македонија
Србија ќе мора да и воведе контрамерки на Македонија, доколку во наредните 10 дена не биде отстранета спорната уредба за ограничувањето на увозот на пченица и брашно, изјави во четвртокот помошник министер за трговија на Србија, Бојана Тодоровиќ.
„Доколку не видиме дека Македонија се движи кон укинување на мерката со која се ограничува увозот на пченица и брашно, ние ќе разгледаме воведување на контрамерки“, изјави Тодоровиќ за агенцијата Танјгуг.Таа истакна дека во последните денови српската влада немала директен контакт со македонската влада, но дека преку медиумите ги следеле збиднувањата во Македонија.„Во овој момент се чини дека Владата на Македонија не е на пат кон укинување на овие мерки“, оцени Тодоровиќ.Таа информираше дека контрамерките би биле одредени во соработка со српското министерство за земјоделие, а би можеле да се однесуваат на македонски извоз на сезонско овошје и зеленчук.„Намерата на Србија е да ги заштити домашните производители, а не да влегува во конфликт, но и меѓународните обврски мора да се почитуваат. Ни сме подготвени да ги почитуваме, но тоа го очекуваме и до сите трговски партнери“, прецизира Тодоровиќ.Таа изрази очекување дека македонската влада ќе ја укине спорната уредба и дека Србија нема да биде доведена во ситуација да воведува контрамерки.Според Тодоровиќ, на состанокот на комитетот на ЦЕФТА одржан на 22 јуни во Белград сите членки на ЦЕФТА извршиле притисок врз Македонија да се обврзе да ја укине спорната одлука во разумен рок.„Тој рок не е прецизиран, но може да се смета дека е рок од месец до месец и половина, бидејќи се работи за сезонски производ“, рече Тодоровиќ.Поради спорната мерка, во македонија од србија месечно се извезуваат два до три пати, по некогаш и четири пати помалку брашно и пченица, отколку кога е слободен извозот, вели Тодоровиќ.Македонија официјално започна да применува мерка со која за килограм увезена пченица македонските увозници мораа да купат три килограми домашна пченица, а за килограм брашно четири килограми домашна пченица. Македонскиот министер за земјоделие Љупчо Димовски неодамна порача дека мерката ќе биде на сила се додека не го даде посакуваниот резултат и дека не би требало да биде укината до крајот на годината. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

