Економија
Одложени наплати на царина бараат бизнисмените
Локално царинење, односно царинење во самите фирми, како што има во сите европски земји и наплата по 40 до 60 дена на царините, место сегашното дневно однапред, побара стопанствениците од Битола од Царинската управа.
Царинската управа на Република Македонија, АМЕРИТ, СИЗ Македонија сообраќај и Регионалната комора Битола, организираа работилница на која се дискутираше за олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки.
Воедно беа презентирани и активности на АМЕРИТ во насока на олеснување на работењето на транспортните компании како и испраќањето на електронски преддекларации.Присуствуваа претставници од околу 70 компании.
„Ние имаме советодавно тело формирано пред повеќе години каде партиципираат повеќе стопански комори и други асоцијации, но ние сфаќаме дека е потребно и на локално ниво директно на бизнисмените да им ги презентираме кои се новините, кои се можностите, да ги слушнеме нивните критики, пофалби, предлози… Ние презентираме кои се новините и можностите за поедноставување на царинските постапки и нивните трошоци и времето на снабдување што не се доволно искористени, а што им стојат на располагање. Ние тоа мораме да го презентираме и да го обновиме тоа што веќе било презентирано и да ги кажеме новините. Воедно, да слушнеме какви забелешки имаат тие и што се предлагаат. Досега слушнавме некои добри оценки, предлози за подобрување како за намалување на хартијата, намалување на одредени постапки и процедури, кои не се директно поврзани со самото царинење, туку со завршување на други царински постапки“, истакна Ванчо Каргов раководител на Царинската управа.
Целта е да се промовираат системи кои овозможуваат значителни олеснувања, а кои се уште не се користат доволно.
„Ние и понатаму ќе продолжиме да го промовираме царинењето на самите гранични премини каде се намалуваат формалностите за внатрешни терминали, за банкарски гаранции, за дуплирање од секаков вид, за чекање на камионите. Исто така и можноста за поднесување на документи за царински преглед пред стигнување на граничниот премин, а имаме и повеќе електронски системи во функција кои се користат но според нас не доволно, поради што наша задача е да ги промовираме повеќе за да ги направиме потоа и задолжителни да елиминираме хартија и непосредни дискрециски било какви однесувања колку што е можно повеќе“вели Каргов
Од битолската Стопанска комора денеска излегоа со три предлози до Царинската Управа локално царинење и одложена наплата.
„Битола е регија која е доста поврзана со увоз и извоз од цело стопанство и новите царински прописи не се лесни за ги следи една фирма. Секојдневно се менуваат и европската регулатива за царини се менува така што за стопанството е тешко во однос на сите тие промени, сите тие барања и прописи и бараме начин за олеснување каде што стопанството многу полесно и побрзо ќе ги врши тие царински процедури“, рече претседателот на Регионалната стопанска комора, Битола, Мирко Велковски.
Комората, секогаш барала олеснување кон стопанството.
„Прво баравме и добивме царина тркало односно на самите премини да се врши царината што е брзо, и иако има мали проблеми, сепак досега стопанството е задоволно. Второ барање е локалното царинење, односно царинење во самите фирми. Тоа олеснување кое го бараме мислам дека го има во сите европски земји. Трето што ќе бараме е наплата после 40 до 60 дена на царините. Сега се плаќа дневно однапред. Со такви одложени наплати доста би се олеснило за стопанството“, истакна Велковски.
Вакви работилници досега се одржале во Штип, Струмица, Куманово по Битола, кампањата продолжува во Гевгелија , Скопје и Гостивар./крај/тера/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

