Економија
Владата со финансиска поддршка за кластерски здруженија

Средства во вкупен износ од 1,6 милиони денари (околу 26.000 евра) одвои македонската влада годинава за поддршка на проекти на кластерските здруженија.
Министерот за економија Ваљон Сараќини појасни дека средствата се за заеднички проекти за поврзување на кластерите со универзитетите, за развој на иновативноста и развој на брендирани производи, за секторска извозна промоција, за организирање тематски саеми и за развивање на стандарди за квалитет и прилагодување на барањата на ЕУ-пазарите.Сараќини информираше дека поддршка добија шест кластери и тоа „Фондација Тиквешки вински пат“ Неготино, кластер за поддршка на туризам во Полошкиот регион „Шарри“ од Тетово, Македонско здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела, Здружение за полжави „Агрохеликс“, Проект за развивање на стандарди за квалитет и прилагодување на барањето на ЕУ пазарите и Здружение на органски производители „Органика“.Претставникот на Балкан – Гасови ДОО Богданци, потенцираше дека поддршката на Министерството за економија во овој сегмент е многу значајна, и дека конкретно во нивниот бизнис, добиените средства биле искористени за истражување на нови пазари како Тунис, Африка, Алжир, Франција и др.Министерот Сараќини потенцираше дека благодарение на сите владини мерки Република Македонија бележи подобрување на конкурентноста на македонската економија и во Извештајот за конкурентност 2013-2014 година кој оваа недела го објави Светскиот економски форум е рангирана на 73. место, што значи подобрување во споредба со минатата година, кога земјата се најде на 80. место.„Во годинешниот извештај, Светскиот економски форум на Република Македонија и додели 4,1 поени од можни 7, па на листата од 148 економии ја смести пред земјите како Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ“, појасни Сараќини,Тој дополни дека според одделните индикатори во извештајот се истакнува дека Македонија е подобрена посебно во делот за ефикасност на пазарот, во делот за поедноставените процедури за започнување на бизнис, како и трошоците поврзани со овие процедури, а подобрувањето е забележано и во делот на заштита на инвеститорите, распределбата на јавните фондови, како и во транспарентноста на донесување одлуки во јавни институции. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.