Економија
Реално е да се очекува и трет пакет помош за Грција
Грчките финансиски тешкотии нема да завршат идната година, па е реално да се очекува дека со долговите оптоварената земја ќе има потреба од дополнителна помош од еврозоната за да може да се врати на пазарите, рече во четвртокот челникот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јероен Дијселблом.
„Што се донесува до потенцијалните потреби од трета програма за помош за Грција, нема дилеми дека грчкиот проблем, и покрај напредокот во последно време, нема во целост а да биде отстранет до 2014 година“, изјави Дијселблом пред пратениците во Европскиот парламент.
Реално е да се претпостави дека ќе биде неопходна дополнителна помош, покрај постојната програма. Во тој контекст Еврогрупата јасно даде до знаење дека е подготвена да и’ даде соодветна помош на Грција во текот на реализацијата на сегашната програма и по тоа, се додека повторни не биде подготвена да излезе на пазарите“, додал Дијселблом.
Посочил дека еврозоната одвоено би можела да разгледа дополнителен вид олеснување на товарот од долговите на Атина, откако во април 2014 година ќе бидат достапни поверодостојните податоци за состојбата на грчките државни финансии во 2013 година. Грција, инаку, веќе доби два пакета меѓународна финансиска помош во вкупна вредност од околу 240 милијарди евра.
„Еврогрупата минатата година се согласи да разгледа дополнителни мерки, доколку се укаже потреба, како што е натамошно намалување на каматните стапки на кредитите за Грција, со предуслов Атина да ги исполни точно одредените услови. Пред април 2014 година нема да бидеме во можност да процениме дали тие услови во целост се исполнети“, нагласил челникот на групата министри за финансии на земјите членки на еврозоната.
Меѓународните заемодавачи проценуваат дека на Грција од втората половина на 2014 година ќе и’ бидат потребни 10 до 11 дополнителниот милијарди евра, за да ги преброди тешкотиите за таа и за следната година.
Кон крајот на август, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, исто така, изјави дека на Грција ќе и’ биде неопходен уште еден пакет меѓународна финансиска помош за да го пополни недостигот во финансирањете. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), еден од тројцата странски доверители заедно со Европската унија и Европската централна банка (ECB), проценува дека на Грција за периодот 2014/1015 година ќе и’ бидат потребни уште околу 11 милијарди евра.
Владите на некои земји од еврозоната не се наклонети на одобрувањето на нови кредити за Грција, поради негативното јавно мнение. Нивните гласачи веќе се заморени од спасувањето на другите земји по тригодишните должнички кризи, сметаат аналитичарите на Reuters./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

