Економија
Глобалниот инвестициски самит за Македонија со 350 учесници
Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, кој наредната недела ќе се одржи во Охрид, втора година по ред, повторно на едно место ќе собере голем број на бизнисмени од земјата и од странство, со конкретни бизнис интереси за меѓусебна соработка, соопшти во петокот организаторот на Самитот.
Организаторот на Инвестицискиот Самит, смета дека овој самит со повеќе од 350 гости од Македонија и од светот, ќе биде еден од најголемите бизнис собири во земјата. Досега присуство најавија компании од околу 20 земји, меѓу кои САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Унгарија, Турција итн. Листата на говорници на самитот е импресивна, со повеќе од 30 звучни имиња меѓу кои Phillips USA, Telus Canada, Canadian Bombardier, Deutsche Telekom Group, MindTree Индија, Acibadem Турција.Почестени сме и од присуството на почесните гости говорници, Sandy Og од Блекстон, Крис Галвин поранешен извршен директор на Моторола, Hubertus van der Vaart од СЕАФ фондот, и Samih Elhage кој оваа година доаѓа како главен финансиски директор на Nokia Solutions and Networks, се вели во соопштението. Меѓу главните гости говорници исто така обраќање ќе имаат Премиерот на Македонија, Никола Груевски како и неговиот економски тим. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ќе има свечено обраќање пред гостите на Гала вечерата на самитот, каде во улога на домаќин ќе биде Џон Битов, член на Одборот на Македонија 2025.Организаторот ја истакнува како посебно значајна соработката со владините министерства и институции за привлекување на странски инвестиции, кои помогнаа на самитот да се регистрираат многу звучни имиња од реномирани светски компании. Министерот за странски инвестиции Веле Самак се погрижи да имаме присуство на претставници на највисоко ниво од Ван Хол од Белгија, Дрекселмаер од Германија и други потенцијални странски инвеститори. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, исто така покани голем број на заинтересирани странски инвеститори од САД.Посебно е значајна и активноста на Инвест Македонија, кои преку своите економски промотери во Охрид ќе донесат претставници на големи компании од Албанија, Јапонија, Кина, како и повеќе претставници на Admilia Holding Ltd, кој интегрира 70 италијански претприемачи кои разгледуваат опции за реализирање на инвестициски проекти во Македонија. На наша голема чест, и на покана на кабинетот на Виктор Мизо, Извршен Директор на ТИРЗ, во Охрид ќе допатуваат претставници на CNN, Forbes, Financial Times, Virgin Mediа, Turner Broadcasting, Automobil Produktion, како и компании од Дубаи, Германија, Словенија и САД, се вели во соопштението. Останатите поддржувачи исто така помогнаа во реализација на овој настана, Сојузот на Стопански Комори, Стопанската Комора на Македонија, Австралиско Македонската Стопанска Комора, Канадско Македонската Бизнис Асоцијација, Стопанската Комора на САД во Македонија, Адвантиџ Аустриа, Бизнис Агенција на Југоисточна Европа, Македонски трговски совет –Азија Пацифик, Македонско-Бугарска Стопанска Комора, итн.Странските компаниите изразија отвореност за соработка во сферата на аутсорсинг, извоз, инвестиции, логистика, консултации, заеднички вложувања, истражување и развој. За време на самитот веќе се закажани стотина билателарни средби. Организаторот ги повикува домашните компании да разгледаат можностите за соработка, да се запознаат и да го искористат овој уникатен бизнис собир за проширување на нивните контакти на глобално ниво. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

