Економија
Груевски со совети за подобрување на етичкото работење на администрацијата
Секој вработен во администрацијата да не заборава дека е во функција на граѓаните, да се однесува трпеливо и љубезно со секоја странка, да биде креативен, отворен, да не биде селективен, да не подлегнува на притисоци, да работи согласно законите и да не ги препраќа граѓаните на друг шалтер.
Ова во понеделникот го побара премиерот Никола Груевски од вработените и раководителите од сферата на државната и јавна администрација, промовирајќи го концептот Менаџмент етика.Поаѓајќи од претпоставката дека најголемиот дел од овие лица одговорно си ја исполнуваат својата задача, Груевски истакна дека постојат и некои го валкаат лицето на администрацијата и упати по десет препораки и охрабрувања до директорите и вработените во админситрацијата, како и за раководните лица во Управните одбори на државните компании.Како прва препорака до вработените и директорите, Груевски подвлече да не заборават дека тие се во функција на услуга на граѓаните и фирмите.„Ако тие се незадоволни од вас и ако тоа незадоволство е оправдано, порано или подоцна ќе се соочите со проблем“, порача Груевски.Како втора работа, Груевски побара од административците кон секоја работа да пријдат со добра волја и чувство на одговорност и обврска да помогнат, појаснувајќи дека под тоа се подразбира да им се помогне на граѓаните што е побрзо можно да ја завршат работата и да им се објаснува колку што е потребно додека работата не биде завршена.Говорејќи за третата препорака, Груевски побара од државните службеници да бидат максимално креативни која ќе се појави некоја пречка и во тој случај кон странката да пристапат како да се работи за некој нивни најблизок човек или пак од некој што им зависи работното место.„Независно дали сте шефови на сектор, на одделение, референти или раководители на подрачни единици, работете со позитивна енергија и желба секому да помогнете. Нека тоа ви биде мисија и нека граница ви биде само законот“, рече Груевски.Како четврт совет до државните службеници, Груевски побара од нив да бидат љубезни со секого, дури и кога не им е добар денот или имаат семејни проблеми.„Независно дали со некој што побарал ваша услуга сте неистомисленик, ви нанел штета или ви направил грев, однесувајте се службено со него, крајно професионално, одговорно и помогнете му“, рече Груевски, додавајќи дека странката може некогаш да биде и нељубезна, но тоа на државниот службеник не му дава за право да возврати на ист начин.Давајќи го петтиот совет, премиерот Груевски побара од административците да не бидат селективни и да не ги делат луѓето по етничка или професионална припадност, ниту по образовна структура или социјален статус.„Не ги делете луѓето по политичка определба, не ги делете на наши и ваши. Политичката определба се кажува на избори, а помеѓу избори секој треба да работи професионално, коректно и непристрасно“, рече ГруевскиПритоа тој упати и порака до оние кои се членови или поддржувачи на партијата која тој ја води. „Најмногу ќе помогнете ако доследно и без исклучок ги спроведувате овие препораки и совети за кои денеска разговараме“, рече Груевски.Премиерот, како шеста препорака до административците, порача тие да работат исклучиво по законот и да не помислуваат дека некој ќе ги заштити или нема да бидат фатени.Како седма препорака, Груевски ги охрабри административците да не потклекнуваат на притисоци и закани за да извршат некоја неетичка или незаконска работа.„Бидете отворени, јасни и транспарентни“, се вели во осмата препорака на Груевски, кој ги советуваше админстративците да не остават ни најмалку сомнежи дека можат да бидат поткупени. „Не очекувајте заштита ако влезете во корупциска зделка. Независно на која партија припаѓате или за кого сте гласале, кој ви е роднина, сопруга или чичко, вујко, сосед или пријател. Чувајте си го образот“, подвлече Груевски.Како деветта препорака, премиерот побара да не се премолчува гледањето на корупција, незаконско или неетичко работење.„Со секое премолчување вие сте соучесник и со тоа правите штета некому, но и на државата“, изјави Груевски.Во десетата препорака Груевски побара од државните службеници да не ги препраќаат граѓаните на друг шалтер, ако може тие самите да им помогнат, потсетувајќи дека за тоа беше донесен и закон, неодамна.Премиерот упати и десет совети и препораки до раководните лица и членовите на управните и надзорните одбори во државна сопственост.Меѓу другото, Груевски наведе да на забораваат дека носат подеднаква одговорност со директорот за евентуалните грешки кои се во нивна надлежност. Груевски истакна дека членовите на Управните и Надзорни одбори не се назначени на местата само за да гласаат она што ќе им биде сервисирано од директорот, туку се должни добро да го проучат секој материјал за што ќе се расправа, да бидат активни на состаноците, да бараат објаснување за секој детал и добро да го проучат.„Да не се колебате ниту секунда остро да се спротивставите ако некој го побара вашиот глас, повикувајќи се на министер или некој моќник, интересна група и слично“, побара Груевски.Тој укажа особено да се внимава на непотизмот, корупцијата, јавните набавки, склучувањето договори.„Не ни укажувајте за слабостите на директорот на крајот на вашиот или неговиот мандат, туку веднаш кога ќе ги осознаете“ порача Груевски.Премиерот во излагањето укажа на потребата од промена на свеста кај дел од административците, наведувајќи дека постојат примери кои во западните развиени држави се лична култра, а кај нас мора заноски да бидат регулирани.Најголемата реформа која е потребна е реформата на личниот однос, чуството на лична одговорност, волјата коректно и професионално да се сработи обврската и задачата која произлегува од работносто место, менталната матрица на луѓето, или ако сакате филозофија на размислување и делување во овој исклучително значаен сектор, рече Груевски На денешниот настан, кој се одржа пред околу 3.000 раководни лица во салата Метрополис на Скопски саем, Груевски додели и плакати за квалитет на Централниот регистер и за најдобар проект на Бирото за јавни набавки.крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

