Контакт

Економија

Поставен камен темелник на нова фабрика во Индустриската зона Жабени

Објавено пред

Камен темелник на новата фабрика на грчкиот инвеститор Костас Ницопулос беше поставен во среда во Индустриската зона Жабени.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за инвестиција вредна 1 000 000 евра, а доколку дозволат временските услови се очекува изградбата да биде завршена за еден месец. Во првата фаза во фабриката се очекува да се вработат околу 20 тина граѓани.

„Потекнувам од место во близина на Лерин. Фабриката ќе биде за ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци. Првата фабрика ќе биде околу 400 метри квадрати, а понатаму планираме проширување за околу 2500 квадрати. На почеток ќе имаме 10 – 20 вработени, а со проширувањето и повеќе. Ќе работиме за пазарот во Грција и Македонија. Со оваа работа се занимаваме од 1974 година. Во Битола се одлучивме да инвестираме затоа што има добри луѓе и многу добри услови“, изјави Костас Ницопулос, инвеститор.

Инфраструктурните проекти во ИЗ Жабени, електрификацијата на зоната, изградбата на пречистителна станица и континуираните заложби на локалната самоуправа и Владата на Република Македонија за економски развој на Битола, во изминатиот период придонесоа 28 инвеститори од земјата и странство да купат парцели во индустриската зона Жабени, а издадени се 8 одобренија за градба. Наскоро, се очекува во зоната да започне изградба и на трета фабрика:

„Денес е историски ден за сите нас. Продолжува да се реализира концептот на локалната самоуправа за индустриската зона Жабени. Само пред неколку дена имавме отворање на фабриката “Кромберг и Шуберт“ која е на 100 метри од ова место и каде што има 836 нововработени наши граѓани. Денеска на наша голема радост, фирмата на Коста – „Виндор“ се проширува во Индустриската зона Жабени. Тој ги знае поволностите на Владата на Република Македонија, поволностите и условите на општина Битола и Коста денеска започнува со градба. Му честитам на Коста и му посакувам успешна работа, како и да вработи голем број наши граѓани. Идниов период, до нова година очекувам да започне изградбата на уште една фабрика, така што циклусот на инвеститори кои што ги имаме во ИЗ Жабени продолжува. Денеска со нас имаме и гостин од Скопје, кој најави на почетокот на 2014 година почеток на нова градба“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. /крај/цв/мф

Економија

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА.

dobivaj vesti na viber

Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, побрзо, побезбедно и со пониски и фиксни надоместоци. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку кореспондентните банки, плаќањата преку СЕПА ќе чинат 3 евра за електронските налози и 5 евра за хартиените налози, а сите приливи преку СЕПА ќе се наплатуваат 3 евра. Имајќи предвид дека 80% од вкупните одливни плаќања и 90% од вкупните приливи на државата се во евра, пониските надоместоци директно ќе овозможат поголеми заштеди за државата и за државните органи.

„Со овој значаен чекор Народната банка, покрај регулаторната и надзорната улога во платежната сфера, ја потврдува и својата оперативна улога во обезбедувањето подобри и поквалитетни услуги за државата и за државните органи во извршувањето на прекуграничните плаќања“, истакна гувернерот Славески.

„Ни претставува чест што сме избрани за банка одговорна за обработка на плаќањата преку СЕПА за Народната банка на Република Северна Македонија и упатуваме искрена благодарност за укажаната доверба. Ова достигнување претставува значаен чекор кон подлабока интеграција со платниот систем на Европската Унија и ја поддржува пошироката цел за интеграција во ЕУ. Оваа пресвртница се надоврзува на нашето неодамнешно воведување на услугата „Епл пеј“ (Apple Pay) за сите наши клиенти во ЈИЕ и успешното влегување на „НЛБ банка“ Скопјe во шемата на кредитниот трансфер преку СЕПА, дополнително зајакнувајќи ја посветеноста на Групацијата НЛБ за поттикнување на финансискиот развој и иновациите во Северна Македонија“, изјави Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана.

По пристапувањето на нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА. На овој начин, ќе се овозможат значителни заштеди за државата и за државните институции при извршувањето на прекуграничните плаќања во евра со четириесетте земји членки на СЕПА.

Прикажи повеќе...

Економија

Buyback гаранција: Како P2P.mk ја претвора неизвесноста во сигурност

Објавено пред

Кога пазарот се менува брзо, а информациите кружат уште побрзо, сигурноста станува најважниот фактор. Инвестирањето во денешниот финансиски свет може да изгледа како пловидба по немирни води, но со механизми како што е нашата “Buyback” гаранција, P2P.mk ја претвора неизвесноста во сигурност за секој инвеститор.
Ваквите заштитни механизми се причината што сe повеќе инвеститори му веруваат на P2P моделот и го гледаат како стабилен начин за создавање пасивен приход.

dobivaj vesti na viber

“Buyback” гаранција – Забрзаната еволуција на инвестициските платформи и улогата на заштитните механизми

Развојот на алтернативните платформи за инвестирање како P2P.mk ја подигна потребата за сериозна заштита на средствата на инвеститорите. Како што овој модел растеше, растеше и очекувањето дека вложените пари мора да бидат заштитени од ризици што инвеститорите не можат да ги контролираат.

“Buyback” гаранцијата е механизам дизајниран за дополнителна заштита на вашите инвестирани средства. Како што P2P.mk се позиционира не само како првата peer-to-peer платформа во Македонија туку и како сигурна и стабилна платформа за инвестирање во потрошувачки кредити, безбедноста на вашиот капитал станува наш најголем приоритет.
Со воведувањето на Buyback гаранција како заштитен механизам, ние им нудиме на нашите инвеститори нова димензија на сигурност, што директно придонесе за огромниот раст на P2P инвестирањето. Oваа гаранција е еден од најстабилните заштитни механизми за секој инвеститор што сака да ги заштити инвестираните средства.

Мисијата на P2P.mk – Buyback гаранција како основа за доверба и сигурност
P2P.mk има јасна мисија: да обезбеди сигурни и безбедни инвестиции за секој кој сака да го стави својот капитал во движење. На платформата се објавуваат кредити што веќе се пласирани од кредитни друштва, а инвеститорите можат да ги откупат и да остварат заработка до 14%.
Тоа значи дека секој инвеститор што вложува на P2P.mk има дополнителен заштитен слој. Buyback гарантира дека финансиските средства се обезбедени дури и во ситуација кога заемопримачот не ги исполнува своите обврски.

Како функционира “Buyback” гаранцијата?
60-дневна заштита за откуп: Ако заемот доцни со плаќање повеќе од 60 дена, кредитното друштво (кредитниот оригинатор) автоматски го откупува кредитот од вас, инвеститорот. Со оваа гаранција, вашите инвестиции се заштитени од потенцијални неплаќања на крајниот заемопримач (лицето кое го земало кредитот)

Целосно покритие: Кредитниот оригинатор ја откупува инвестицијата за номиналната вредност на главницата и каматата што е акумулирана до датумот на откупот.
Тоа е заштитен механизам што ја гради довербата меѓу платформата, кредитните друштва и инвеститорите. Кога постои ваква заштита, инвеститорот знае дека не вложува сам и дека во позадина стои партнер кој има финансиска моќ да преземе одговорност.

Карактеристики и предности на заштитните механизми како “Buyback” гаранција
1. Сигурност и доверба
P2P.mk има мисија да обезбеди сигурни и безбедни инвестиции. Гаранцијата за откуп ги обезбедува вашите инвестиции со 60-дневна заштита, трансформирајќи ја секоја трансакција во јасно и доверливо инвестициско патување.
2. Заштита на капиталот
Најголемиот ризик во P2P инвестирањето е ризикот од неплаќање. Со “Buyback” гаранцијата, овој ризик го презема кредитното друштво, а не вие. Ако заемот доцни, давателот на кредитот ќе го откупи, покривајќи ја и главницата и пресметаната заработка од тој ден.
3. Поголема безбедност
Фактот што како заемодавачи се јавуваат кредитни друштва, а не директно со поединци, веќе нуди поголема стабилност. Дополнително, P2P.mk работи само со проверени и регулирани кредитни друштва, дополнително зајакнувајќи ја сигурноста и довербата кај нашите инвеститори. “Buyback” гаранцијата е дополнителен слој на заштита, кој ја прави платформата привлечна за поширок спектар на инвеститори.
4. Стабилен принос без главоболки
Бидејќи кредитното друштво ја гарантира откупот и заработката, вие како инвеститор можете да се фокусирате на оптимизирање на вашето портфолио и уживање во приносот до 14%, наместо да трошите време и енергија на следење на наплатата на доцнење на потрошувачки кредити. Едноставно, вашата заработка останува постојана и предвидлива.
P2P.mk – Инвестирајте со спокојство
Нашата гаранција за откуп (Buyback Гаранција) гарантира дека вашите средства се сигурни и вашето инвестициско патување е јасно и доверливо. Гаранцијата за откуп го прави P2P.mk модел кој е подготвен за иднината, нудејќи им на сите инвеститори шанса да учествуваат во профитабилни инвестиции со минимизиран ризик.
На P2P.mk оваа гаранција претставува суштински дел од заштитната мрежа што секој инвеститор ја добива уште на првиот ден. Инвестирајте денес и искористете ја моќта на нашата “Buyback” гаранција за сигурна иднина.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Рекордни приходи од концесии: За 9 месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини, известува Министерството за енергетика

Објавено пред

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари.

dobivaj vesti na viber

Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година и вториот квартал од 2025 година наплатени беа 286,355,517.00 денари, а истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари, извести Министерството за енергетика.

Збирно, за деветте месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 931.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси и претставува зголемување за два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година

Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот во спротивно ризикуваат со раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Владата на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во изминатиот период има донесено вкупно 46 одлуки за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина а дел од нив се поради неплаќање на концесискиот надоместок согласно утврдениот Тарифник.

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

· Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски.

· Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите.

· Нов Тарифник од 1 јануари 2025: Воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во:

· Поголеми буџети за општините,

· Инвестиции во комунална инфраструктура,

· Проекти за енергетска транзиција и одржлив развој.

· Проекти за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници, се додава во соопштението на Министерството за енергетика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниту едно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со...

Македонија2 часа

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија2 часа

Сомнеж за труење со храна: ученици од Скопје со стомачни болки, затворена кујната во училиштето

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно...

Македонија3 часа

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија3 часа

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија4 часа

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија5 часа

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет5 часа

(Видео) Русија реагира на обелоденетиот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион6 часа

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што сѐ исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет6 часа

(Видео) Дали, конечно, е блиску крајот на војната во Украина: остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет7 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет7 часа

„Донецк и размената на територии“: целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет8 часа

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет8 часа

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет8 часа

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата за Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...

Свет9 часа

Објавени транскриптите, Виткоф до човекот на Путин: Знам што е потребно за да се постигне договор

Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, по успехот на мировниот договор за Газа, минатиот месец оствари телефонски разговор со висок функционер...

Македонија24 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет1 ден

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија1 ден

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија1 ден

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...