Економија
Македонија и Косово ќе ја продлабочуваат соработката на енергетски план
За формирање интерконективна линија Македонија-Косово, односно изградба на 400 kV интерконективен далекувод, каде веќе се започнати активности за реализација на проектот, се разговараше на Третиот состанок на Мешовитиот комитет по Договорот за економска соработка меѓу Владите на Македонија и на Косово.
„Интензивирањето на соработката помеѓу Македонија и Косово е од големо значење за двете земји. Република Македонија и Република Косово имаат одлични политички односи, но треба да се потрудиме истите да се рефлектираат и на полето на економската соработка. Соработката на ниво на институции треба да се интензивира, но исто така, и на ниво на стопанските комори меѓу двете земји, бидејќи Косово е многу значаен трговски партнер на Македонија и е на второто место по обем на извоз“, информираше министерот за економија Ваљон Сараќини.
Во првите девет месеци од 2013 година трговската размена изнесува 208 милиони долари, и имајќи ги предвид потенцијалите со кои двете земји располагаат, обострана цел треба да биде удвојување на оваа бројка.
Фокусот на состанокот беше ставен на продлабочување на соработката во енергетскиот сектор. Поконкретно се разговараше за формирање на интерконективна линија Македонија-Косово, односно изградба на 400 kV интерконективен далекувод, каде веќе се започнати активности за реализација на проектот. На полето на туризмот, веќе е разгледана можноста за отпочнување на проект кој би ги поврзувал Попова Шапка-Брезовица, кој што би претставувал туристичка атракција во регионот, за привлекување на што поголем број на туристи, што впрочем е и заедничка цел на двете земји. На полето на минералните суровини беше разгледана можноста за привлекување на регионални инвеститори. Постои иницијатива за формирање на билатерално експертско тело, преку кое ќе се креираат проекти за заедничко искористување на ЕУ – фондовите, што претставува приоритет на двете земји.
„На состанокот договоривме во февруари 2014 година, да одржиме бизнис форум во Скопје или во Косово, каде на ниво на коморите, самите компании ќе можат директно да се запознаат со инвестицискиот потенцијал на земјите, но и актуелните проекти кои ги имаме во моментот“, информираше Сараќини.
Косовскиот министер Фадиљ Исмаили рече дека се прават обиди што повеќе да се зголеми размената, да се развие соработката во енергетиката, но и да се подобри патната инфраструктура. За изградбата на 400kV интерконективен далекувод информираше дека се подготвува физибилити студија, а за генераторите и малите хидроцентрали се планира во блиска иднина да се потпише договор за интерконекција меѓу Македонија и Косово, со што ќе се овозможи поголема размена, но и взаемно снабдување со електрична енергија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

