Економија
Со специјален закон ќе се решаваат старите стечаи
Над 300 стечаи кои датираат од 1989 година се очекува да бидат решени во рок од една година по донесувањето на специјален закон кој вчера бил одобрен на владина седница и наскоро ќе се најде пред пратениците.
„На вчерашната седница на Владата го поминавме законот со којшто треба да се надминат закочените стечаи од минатото. Законот ќе опфати околу 300 стечаи и ќе ги опфати сите стечаи по законите од 1989 година па до 2011 година. Според овој специјален закон тие би требало да се завршат за помалку од една година. Целта е да се стави крај особено на оние по 15 – 20 години стечаи, што се од минатото“, рече премиерот Никола Груевски.
Премиерот Груевски не знаеше да каже колку точно работници ќе бидат опфатени со овој закон, но смета дека голем дел од нив ќе имаат бенефит.
Законот предвидува продажба на имотот на стечајните фирми, но нуди и други можности, некои од работниците би можеле да бидат обештетени, а некои можеби и повторно вработени.
„Некои од нив очекуваат дел од стечајната маса, ако оди во ликвидација, некаде можеби има услови за некоја реорганизација, некаде во ликвидација некој ќе ги купи објектите, машините итн, па ќе го обнови производството, па ќе вработи некои од поранешните вработени или нови вработени. Тие закочени стечајни постапки ќе бидат откочени, ќе бидат завршени и или ќе бидат реорганизирани или средствата, опремата, машините, халите ќе бидат продадени, а тој што ќе даде пари да ги купи веројатно нема да си ги чува, туку нешто ќе направи, а што и да прави, ќе значи отворање нови работни места“, рече премиерот Груевски.
Тој појасни дека овој закон е важен затоа што фирмите кои заминале во стечај, на пример во 1989 година, нивната стечајна постапка досега се водела според тогашните валидни закони, а сега ќе се уредуваат со новиот закон.
„Сега имаме еден од современите закони и оние фирми коишто ќе одат во иднина во стечај ќе одат по многу современ закон што е правен по теркот на данскиот и очекуваме по новиот закон стечаите да завршуваат не подолго од една година“, рече Груевски.
Премиерот информира дека усвоен е уште еден закон, закон за вонсудско спогодување, кој треба да биде втора шанса или последна шанса, пред одење во стечај, да се направи нов обид за реорганизација на фирмата, со доверителите и со сите инволвирани за фирмата се спречи да тргне во стечајна процедура./крај/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

