Економија
УСАИД ќе помога во развојот на активниот туризам во Македонија
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси се вклучува во поддршка на активниот туризам во Македонија, која вклучува еко, културен, спортски, селски, и вински туризам.
Ова се предвидува меморандум за разбирање што во петокот во скопје беше потпишан меѓу УСАИД и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.Соработката меѓу потписниците вклучува формирање на Работна група за туризмот во Македонија која ќе ги поврзе сите претставници на локалните туристички претпријатија, како и државната и локалната власт, за да се поттикне развојот на оваа индустрија. Во склоп на иницијативата ќе бидат организирани AdventureEDU обуки за локалниот туристички сектор, студиско патување за запознавање на туроператори специјализирани за активен туризам со понудата во Македонија и Регионален самит на Здружението за активен туризам (Adventure Travel Tourism Association) во домаќинство на државите од Западниот Балкан во 2015 година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскапуваат некои од горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28.6.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,868 %, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,368 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек за 0,387 % и кај „мазутот“ зголемување во просек за речиси 0,170 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,042 %.
Од 2.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 83,00 (денари/литар)
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 85,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 48,008 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 0,50 денари/л.
Малопродажните цени на бензинoт ЕВРОСУПЕР БС-98, на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-=лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,080 денари/кг.
Економија
Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП
Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани.
Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови. Нејзината биографија е достапна на следниот линк.
Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.
„Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните“, изјави Петрова.
Обраќајќи се на даночните обврзници, Петрова истакна дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.
Таа изјави: „Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права“.
Петрова ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.
Петрова најави бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември
Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.