Економија
Груевски на британските бизнисмени им ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија
Премиерот Никола во вторникот пред повеќе од 80 бизнисмени ги презентираше можностите за инвестирање и започнување бизнис во Македонија.
Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Кромберг и Шуберт, Дрекселмејер, Ван Хол се само дел од компаниите кои ги препознаа потенцијалите кои ги нуди Македонија, им порачал Груевски на британските бизнисмени, повикувајќи ги да дојдат во земјава и да го слушнат искуството на овие компании.
Груевски, пренесува МИА, нагласил дека Македонија го привлече вниманието на глобалната инвестициска јавност со брзото и сигурно искачување на листата на најдобрите реформатори.
„Според реномираниот извештај „Дуинг бизнис“ на Светска банка Македонија е рангирана на 25.место помеѓу 185 земји и ова е највисокото рангирање во однос на економиите во транзиција од Централна и Источна Европа и пред околу 20 земји членки на ЕУ. Многу сме горди што сега Македонија е на 73. место според глобалниот индекс за конкурентност составен од Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум 2013-2014“, рекол Груевски, додавајќи дека Македонија го подобрила рангирањето за 45 места во однос на квалитетот на деловното окружување.
Британските бизнисмени се запознаа и со фактот дека Македонија ја карактеризира постојана макроекономска стабилност и просечна стапка на инфлација од 2,1 отсто, низок буџетски дефицит од три отсто од БДП, што ја прави земјата четврта најмалку задолжена во Европа.
„Воведовме рамен данок од само 10 проценти за персоналниот и данокот на добивка, рамна даночна стапка од само 10 отсто од 2008 натаму. Воведовме и нула даночна стапка за реинвестираната добивка и постепено ги намаливме придонесите за социјално осигурување за една третина и тоа за неограничен број години и неограничена сума износи“, изјавил македонскиот премиер.
Груевски истакнал дека не само американски и европски, туку и кинески, индиски, руски и катарски компании изразуваат сериозен интерес да ги лоцираат своите производствени капацитети во Македонија.
Британскиот стопанственик Лорд Нун, кој четири пати досега ја посетил Македонија ги повикал присутните да ги претстават нивните ставови непристрасно, бидејќи не се присутни само владини претставници, туку и луѓе кои веќе имаат искуство со Македонија.
„Овде можете да ги претставите вашите ставови и тоа непристрасно бидејќи нема да говори само македонскиот премиер и министрите, туку ќе се добијат и мислења од некои луѓе коишто имаат искуство со Македонија, како на пример јас којшто сум ја посетил земјата веќе четири пати“, порачал Нун.
Премиерот Груевски, заедно со остатокот од владината делегација, економската турнеја за промоција на бизнис можностите на земјава, ја продолжува и во Франција, откако вечерва ќе отпатува за Париз./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција Скопје
Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди и служи за метролошко испитување на броилата, денес беше посетено од Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Ова тело врши проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците. Неговата работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на нивниот квалитет, како и вонредна инспекција на исправноста на броилата (А-тест) со цел да се обезбеди точност, сигурност и доверливост при мерењето на потрошената електрична енергија.
Посетата произлезе по реализација на 13-тата редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кои повторно годинава потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.
Министерката Божиновска, во придружба на директорот на Бирото за метрологија, Седад Рушани, ја разгледаа опремата што се користи во лабораторијата, вклучувајќи ги и седумте современи испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ.
Тие се запознаa со професионалниот тим кој секојдневно обезбедува прецизни, сигурни и транспарентни метролошко испитувања на броилата.
„Нашата земја располага со висококвалификувани лаборатории кои работат според највисоките меѓународни стандарди. Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на Електродистрибуција е пример за професионализам и транспарентност. Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес.“ порача Божиновска.
Менаџерскиот тим на Електродистрибуција, нагласи дека компанијата ќе продолжи да вложува во развој на технологијата и обуката на стручниот тим со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во процесот на испитување на броилата со највиски стандарди на квалитет. Од 2012 година кога Телото за инспекција на броила прв пат било акредитирано, компанијата успешно ја обновува акредитацијата пред највисоките државни тела, секогаш со позитивна оценка.
„Во Електродистрибуција вложуваме во знаење, технологија и системи кои обезбедуваат точност и објективност во процесот на испитување на броила. Во овој процес секој детал е важен, од најсовремената опрема до стручноста на тимот кој стои зад секоја проверка.“ истакна менаџерскиот тим на Електродистрибуција. Тимот на Електродистрибуција пред присутните детално ја презентираа технологијата, процесите и постапките кои се практикуваат во насока на спроведување на активностите поврзани со проверка и метролошко тестирање на броилата.
Економија
Голема промена на летовите на „Рајанер“, грешката ќе ве чини скапо
Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ целосно ги елиминира своите шалтери за пријавување, преминувајќи на исклучиво дигитално работење. Патниците сега мора да се пријават онлајн и да имаат дигитална или испечатена карта за влез во авионот со себе.
Според новите правила, сите патници мора да се пријават преку апликацијата на „Рајанер“ или официјалната веб-страница пред да пристигнат на аеродромот. По пријавувањето онлајн, тие мора да ја преземат картата за влез во авионот на својот мобилен телефон или да ја испечатат. Без една од овие две опции, влезот во авионот нема да биде можен.
Иако шалтерите за пријавување се елиминираат, патниците што патуваат со багаж сè уште ќе можат да ги користат шалтерите за самопослужување за оставање багаж. Со други зборови, промената се однесува само на процесот на пријавување, додека системот за оставање багаж останува ист.
„Рајанер“ е познат по своите строги правила и високи такси, а новата дигитална политика не е исклучок. Патниците кои нема да се пријават за својот лет преку интернет пред да пристигнат на аеродромот ќе мора да платат 55 евра по лице за да се пријават на лице место.
Компанијата соопшти дека новата политика моментално се применува на аеродромот во Даблин, како дел од тест фазата. Целта, велат тие, е да се „подобри искуството на клиентите и да се зголеми оперативната ефикасност“ со намалување на редиците и забрзување на процесот на поминување низ аеродромот со охрабрување на патниците да прават сè дигитално пред да пристигнат на аеродромот.
Економија
„Контролата на броилата предуслов за доверба во енергетскиот систем“ – Божиновска во посета на лабораторијата на „Електродистрибуција“
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети акредитираната лабораторија за проверка на броила на електрична енергија при Електродистрибуција, која повеќе од една деценија служи за контролата на мерењето и исправноста на броилата.
Посетата следи по реализираната 13-та редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, кои годинава повторно потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.
Тимот на Електродистрибуција пред министерката детално ја презентираше технологијата, постапките и безбедносните протоколи што се применуваат во процесот на метролошко тестирање на броилата. Министерката Божиновска ја разгледа современата опрема, меѓу која и седум испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ, и се запозна со инженерите и стручниот кадар кој секојдневно обезбедува прецизно, сигурно и транспарентно тестирање на броилата што ги користат потрошувачите низ целата држава.
„Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на електродистрибуција целосно ги исполнува барањата,“ изјави министерката Божиновска.
Министерката додаде дека Министерството за енергетика ќе продолжи со редовни обиколки и контроли на ваквите институции, со цел лично да се увери во точноста, транспарентноста и квалитетот на процесите што се од најголемо значење за граѓаните.
„Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес,“ порача Божиновска.
Во посетата на лабораторијата заедно со министерката Божиновска присуствуваше и директорот на Бирото за метрологија, Седат Рушани. Од Министерството информираат дека и во Бирото за метрологија ќе биде ставена во функција современата опрема за државна контрола и верификација на броилата, која повеќе години бил неискористена. Со ова, граѓаните ќе добијат можност за независна државна проверка на исправноста на своите броила, директно во институција под надлежност на државата, што ќе придонесе за зголемена транспарентност, доверба и правичност во мерењето и наплатата на потрошената енергија.
Од страна на менаџерскиот тим на Електродистрибуција пак беше нагласено дека компанијата континуирано инвестира во развој на технологијата и во обука на стручниот кадар, со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во испитувањето на броилата.

