Економија
Ставрески:Имавме успешна економска година
Македонија имаше успешна економска година во 2013, растот најверојатно ќе изнесува околу три отсто, а постои умерен оптимизам за негово зголемување во наредните две години.
Ова во четвртокот во Скопје го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во обраќањето пред банкари, бизнисмени и претставници на значајни институции во рамки на ФИНЕКСО 2013. Потсетувајќи дека во првата половина од годината Македонија оствари раст од 3,4 отсто, Ставрески информираше дека расположивите податоци укажуваат на проценките дека во третиот квартал ќе биде остварен раст на БДП од три отсто. „Главни генератори на растот се капиталните инвестиции, кои го придвижија градежниот сектор, како и зголемениот извоз, придвижен од новите погони отворени од странските инвеститори во слободните економски зони“, рече Ставрески. Остварените резултати во оваа година, според Ставрески се поволни, а постигнатиот раст е меѓу највисокиот во регионот. „Со оглед на состојбите во европската економија и кај нашите главни трговски партнери можеме да кажеме дека остваривме максимум. Од тој аспект гледано никој не може да биде пребирлив и да бара повеќе од тоа, бидејќи немавме доволно побарувачка од Европа за да се оствари повеќе“, изјави Ставрески. Вицепремиерот изрази оптимизам во поглед на перспективите, кој го темели на заздравувањето на европската економија и на владините планови за нови, зголемени капитални инвестиции. „Ако се гледаат перспективите, тогаш секако има простор за умерен оптимизам, бидејќи европската економија е излезена од рецесија и за соседните 2014 и 2015 година се најавуваат позитивни движења, што ќе ни овозможи да оствариме подобри резултати во економијата од оваа година“, рече Ставрески. Тој најави дека владата за наредната година планира да ги зголеми капиталните инвестиции за 11 отсто на 365 милиони евра, а доколку се земат средствата кои се планира да ги инвестираат јавното претпријатие за патишта, таа бројка ќе достигне 525 милиони евра, што е 23 отсто повеќе од годинава. Ставрески најави план за формирање на работна група која ќе детектира 20 до 30 македонски компании, кои би биле потенцијални добавувачи на фабриките отворени од страна на странските компании, со цел дополнително да се зголеми ефектот од странските инвестиции. За одржлив економски раст на долг рок, според Ставрески, неопходни се и домашни инвестиции, за што е потребна поддршка и од страна на комерцијалните банки. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

