Економија
Сенатот на САД ќе го разгледува компромисниот буџет на 17-ти декември

Американскиот Сенат на 17-ти декември ќе го разгледува компромисниот буџет што го прифати Претставничкиот дом на Конгресот изјави во петокот лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Хари Рид.
Буџетскиот закон требаше да биде разгледуван уште седмицава, меѓутоа Сенатот е зафатен со утврдувањето на кандидатурите за должности во претседателската администрација по предлозите на Барак Обама. Демократското мнозинство го отстрани правилото коешто и’ овозможуваше на републиканската опозиција да ги попречи номинациите. Изминатава седмица, демократите ја искористија да одобрат повеќе кандидатури работејќи цели ноќи. Пота лидерите на двете партии во Сенатот одлучија да земаат пауза во текот на викендот и да не го разгледуваат новиот предлог закон.
Договорот за буџетот одобрен од Претставничкиот дом, овозможува да се избегне намалувањето нa буџетските расходи на 63 милијарди долари. Тој, исто така, сугерира и симболично намалување на 17-трилионскиот американски долг од 20 милијарди долари во текот на следните десет години. Демократите се откажаа од натамошното зголемување на расходите и плафонот за задолжување, а републиканците се согласија да не го блокираат буџетот, со што повторно би предизвикале ткн „гаснење“ на федералните агенции. Спротиставеноста по ова прашање во октомври во Конгресот предизвика блокирање на работата на владините служби во текот на две седмици, што придонесе за пад на довербата на двете партии кај граѓаните./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.