Контакт

Економија

Италијански компании ќе ги скенираат инвестициските можности на земјава на почетокот од 2014 година

Објавено пред

Македонска делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, присуствуваше на бизнис форум во Верона каде ги претстави поволните услови за инвестирање во земјава.

На поединечни средби на кои беа дискутирани подетални информации за инвестициските можности во Македонија вицепремиерот доби ветувања од дел од компаниите дека ќе ја посетат Македонија во првата половина на 2014год.

На бизнис форумот беа присутни околу 40 италијански компании од различни сектори, а настанот се одржа во седиштето на Асоцијацијата на компании од производствениот и услужниот сектор, Confindusria Verona.

За време на средбата беа истакнати стабилната макроекономска политика која ја води државата, мерките кои се преземаат во насока на развивање и усовршување на образовниот процес и работната сила во државата, како и можностите за инвестирање во различни секторски гранки од економијата.

На бизнис форумот, освен Вицепремиерот Владимир Пешевски, можностите за инвестиции во Македонија ги презентираа и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за Технолошко Индустриски Развојни Зони, г-дин Виктор Мизо./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Николовски: Шампиони сме во регионот на рекордна искористеност на европските средства од ИПАРД

Објавено пред

Горд сум што бев дел од министерството за земјоделство во период кога се донесоа клучни промени и земјоделците без разлика на партиска припадност, неселективно сите ги добиваа субвенциите навремено. –истакна генералниот секретар Николовски, на новинарско прашање во врска со исплатата на субвенциите на земјоделците во иднина, при неговата посета во Прилеп и прилепскиот регион.

Тој истакна дека законите и календарот на исплата строго се почитуваат и земјоделците може да очекуваат исплата на субвенциите за нивните производи.

Во делот на тутунопроизводството, оваа година можеме да очекуваме рекордна исплата на субвенциите од 32.5 милиони евра, а ако споредиме со исплатата од пред три години од 25 милиони евра ќе видиме значителна разлика. –посочи Николовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Царовска: Повеќе од 300.000 граѓани сега земаат плата повисока од 18.000 денари

Објавено пред

Заедно со работодавачите, работниците, синдикатите и стопанските комори заеднички донесовме одлука дека економијата сега може да издржи минимална плата од 14.500 денари и тоа сега се случува, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на програмската трибина Агенда Социјална заштита што денеска се одржува во Штип.

„Со години имавме една група на граѓани којашто со години се држеше на ниски примања посебно овде во источниот регион а тоа беше поради тоа што претходната влада ја промовираше државата како земја на евтина работна сила. Денес тоа е променето, ако ја видите структурата на плати ќе видите дека денес повеќе од 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари“, посочи Царовска.

Паралелно со растот на минималната плата на 14.500 денари донесовме закон со кој на сите работодавачи кои сакаат да ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари, државата ќе ги субвенционира придонесите и тоа дополнително влијае на раст на платите во државата, заклучи Царовска.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши на саем во Сарај: Со поддршка на бизнисот до нови работни места и поголеми плати

Објавено пред

 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, присуствуваше на Саемот на бизниси од општина Сарај кој се одржа во организација на фондацијата „Албиз“.

Министерот во своето обраќање пред присутните компании кои изложуваат на овој Саем истакна дека нивната бројност зборува за нивната успешност и желба да растат и да се развиваа, што е и стратешка определба на оваа Влада.

„Нашата држава е на добар пат. За тоа најдобро говорат фактите кои покажуваат раст во скоро сите позначајни економски области во текот на 2019 година. Со посветена работа и многу конструктивни средби со сите засегнати страни успеавме да ги стабилизираме економските текови и состојби. Македонската економија во првите три квартали минатата година забележа раст од 3,6%, а за две години отворени се над 50 илјади нови работни места, со што успеавме да ја намалиме невработеноста на рекордно ниски 17,1%. Кaко резултат на мерките на владата за субвенционирање на придонесите, континуирано се зголемуваат платите.Тоа ми дава право да кажам дека реалниот сектор, односно компаниите кои што работат во земјата се носители на економскиот раст. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува обемот на нивното производство, се подобрува продуктивноста, расте нивната конкурентност на домашниот и странските пазари“ истакна Бектеши.

Тој потсети уште еднаш на поддршката која што ја имаат компаниите од Планот за економски раст и ги повика да ги искористат сите можности кои што им ги нуди државата, да направат храбри чекори кон нови инвестиции.

Информираше и дека покрај Планот за економски раст, реалните економски политики преточени во неколку програми наменети за компаниите дадоа резултати во зголемување на конкурентноста, засилена трговска активност и зголемен извоз.

„Само во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2019, поддршката за компаниите ја зголемивме, односно бизнис субјектите имаа на располагање на 53 милиони денари, со кои обезбедивме поддршка за развој на над 150 претпријатија. Годинава фирмите имаат исто толку средства поделени во четири дела: за мали и средни претпријатија, за индустриска политика, со посебен акцент на субјектите од преработувачката индустрија, за кластерско здружување и за општествено-одговорно работење“ истакна Бектеши.

На компаниите присутни на Саемот им посака успех во деловните активности во 2020 година, и вети дека Владата ќе ги следи се со цел за подобрување на бизнис климатата во земјата.

На Саемот, покрај Бектеши пртисуствуваше и градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион11 час

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет13 часа

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ14 часа

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија18 часа

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ19 часа

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет20 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет21 час

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет21 час

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа21 час

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија21 час

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет22 часа

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија2 дена

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија2 дена

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија2 дена

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија2 дена

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија2 дена

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Досие