Економија
Пешевски очекува успех на долгорочен план
Клучот за остварувањето на двете клучни економски цели на секоја влада-елиминирање на невработеноста и обезбедување на што поголеми стапки на економски раст, го има оној кој е подготвен да работи напорно, одговорно и посветено .
Ова во понеделникот вечерта на партиска трибина во Велес го порача вицепремиерот за економски прашања и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски.„ Да не се бркаат краткорочни политички поени, туку да се работи на долгорочен план за да се постигне успех. Доколку така се постават работите долгорочно, така и ќе следи успехот”, изјави Пешевски.Тој нагласи дека потешко е водењето држава отколку бизнис и не е доволно политичарите да бидат само силни на зборови.“Водењето на држава е многу покомплицирана работа отколку водењето бизнис. Политичарите кои се само силни на зборови не се снаоѓаат добро во политиката. Не е доволен само настапот на телевизија и добро говорење за да си добар политичар,” беше објаснувањето на Владимир Пешевски во однос на празните зборови на политичарите кои само ветуваат, а не исполнуваат, Вицепремиерот истакна дека за да се привлечат инвестиции потребно е државата да има макро-економска стабилност, да биде под контрола инфлацијата, да има стабилен курс на денарот, стабилен буџетскиот дефицит, степенот на задолженост на државата да е низок, треба да се поставени фискалните политики, даночната политика мора да биде исправна.Во случај ако се немаат доволен број на девизни резерви, ако кредитниот рејтинг на државата паѓа или во било кој од овие сегменти се појават слабости, инвеститорите бегаат и не сакаат да инвестираат.„Ние постигнавме стабилност во сите овие сегменти и ги подобруваме сеуште во време на криза, а замислете што ќе беше ако не беше кризата.”- појасни Пешевски за условите кои се потребни да се привлечат странски инвестиции. Пешевски нагласи дека исто важна за странските инвеститори во Македонија е и инфраструктурата, бизнис климата и енергетиката за која најзначаен е договорот за Јужен поток, потенцирајќи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе ги прави потребните чекори и реформи за подобрување на економската состојба во државата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

