Економија
Груевски: На Македонија ѝ честитаат за успехот во економијата

Македонија е многу далеку од банкрот и не презадолжен земја, како што тврдат некои медиуми и опозицијата, а кога странски политичари, експерти и новинари ќе слушнат дека земјата има 34 отсто од БДП државен долг, позитивно се изненадени и честитаат, рече меѓу другото премиерот Никола Груевски во новогодишното интервју за Македонската радиотелевизија.
„Кога ние дојдовме во Владата во 2006-та долгот на Македонија беше речиси 40 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Во следните две години предвремено се раздолживме имавме добри економски години. Имаше критики во тоа време дека не е паметно предвремено да се раздолжуваме, но ние мислевме дека тоа ќе ја доведе земјата во една поинаква ситуација. Со тоа раздолжување стигнавме до 25 отсто државен долг. Тогаш никој од нас не знаеше дека следува европска и светска криза. Но, тој потег ни беше од голема помош за времето на криза. Кога земјите се бореа со долгови, кога бараа начини да излезат од тоа, ние имавме 25 отсто долг. Во време на кризи, инвестициите се намалуваат. Во едно такво време ни овозможи да финансираме одредени проекти кои на некој начин ја влечеа економијата во тоа тешко време. Вложивме во патишта, хидроцентрали. Ако тој потег не го повлечевме немаше да можеме во едно тешко време да повлечеме нови средства за да го придвижиме градежништвото, а со тоа уште 26 стопански гранки кои ја придвижуваат економијата“, рече премиерот Груевски.
Потенцираше дека во периодот од најтешката финансиска криза во 2008/2009 година, Македонија имаше трет најмал пад на економијата и оти за него воопшто не е случајно што е меѓу најмалку задолжените земји. Груевски притоа заклучи дека јавноста не треба да биде загрижена за долгот, а тоа што опозицијата сака да дебатира на таа тема, за него тоа претставува нивен проблем, бидејќи се докажува дека тоа не е точно. Нагласи дека враќањето на долговите се сервисира навремено и дека во Владата седат „истите луѓе коишто предвремено ја раздолжувале земјата“.
Груевски истакна дека Македонија во моментов е држава на вредни и чесни граѓани и земја која има Влада која со сите сили дава максимум да се подобри квалитетот на живот, да се подобри стандардот на населението, земја во која многу нешта се променија на подобро.
„Во Македонија многу нешта се придвижија. Се разбира, не можат да се решат сите проблеми, никогаш не сме ветувале чуда, меѓутоа сме ветувале многу конкретни работи и сме останувале доследни. Во најголем дел го исполнивме ветеното. Сме исполниле и повеќе од ветените работи. Македонија е земја и со проблеми на граѓани, со предизвици. На нивно решавање работиме натаму“, рече премиерот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.