Економија
Владата најави гасификација на Скопје и околината
Македонската влада во средата објави дека започнува со конкретна операционализација на проектот за гасификација на државата, при што најнапред ќе биде објавен скопскиот регион.
Премиерот Никола Груевски информираше дека гасификацијата на скопскиот регион ќе се реализира во периодот од пет години по принципот на јавно-приватно партнерство, а дел од мрежата ќе биде пуштен во употреба веќе во 2016 година„Предвидената инвестиција за реализација на дистрибутивните системи за природен гас во скопскиот регион согласно студијата се проценува на 98,4 милиони евра“, изјави Груевски.Со проектот ќе бидат опфатени сите 17 општини во скопскиот регион и тоа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Општина Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден и Чучер-Сандево. Премиерот рече дека владата во изминатите неколку години интензивно и посветено работела на завршување на сите мерки, активности и процедури за да се дојде до оваа точка. „Се работи за проект кој се однесува на целата држава кој ќе биде изведен по сите стандарди, не парцијално туку интегрално, без импровизации туку со цврсти планови и програми“, рече Груевски.Тој појасни дека биле потребни многу подготовки, изработка на мега проекти на кои се работело со години, средување на имотно правни и земјишни односи, правење на многу анализи, и секако најбитното, да се обезбеди договор за снабдување со гас.„Ние посветено и одговорно, трпеливо, но интензивно во исто време го сработивме тоа, обезбедивме договор со Руската Федерација за снабдување со гас, и го реализиравме клучниот предуслов да може да се започне со проектот за гасификација на Република Македонија“, рече Груевски. Тој информираше дека владата донела одлука да започне постапка за доделување (склучување) на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во скопскиот регионПовикот за оваа цел за наоѓање на приватен партнер ќе биде објавен во следните неколку дена, а се предвидува да трае до 25.05.2014. Рамката предвидува договорот да се доделува на период од 20 години при што во првите пет години треба и ќе се реализираат подготвителните работи и изградбата на мрежата. По овој период од пет години кога се очекува да биде изграден најголемиот дел од мрежата, се очекува продолжување на градбата со помал интензитет, оперирање и развој на мрежата.По завршувањето на овој рок од 20 години целокупниот изграден систем ќе се пренесе во сопственост и владение на Република Македонија. Предвидена е изградба на околу 250 километри примарна дистрибутивна мрежа.Приватниот партнер ќе биде задолжен да овозможи секој заинтересиран корисник да плати приклучна такса од 1,25 евра по метар квадратен станбен простор или 100 евра за станбена единица од 80 м2. За куќа од 240м2 приклучната такса би изнесувала околу 300 евра. Приклучната такса за комерцијалните објекти ќе биде исто 1,25 евра по метар квадратен корисна површина.Предвидено е приватниот партнер да вложи средства и во опрема со цел да се обезбеди намалување на потребните инвестиции на корисниците за приклучување на нивните објекти кон дистрибутивните системи за гас.„Снабдувањето со енергија преку дистрибутивни системи за природен гас е енергетски најефикасен начин за снабдување со енергија. При таквото снабдување со енергија граѓаните, домаќинствата и компаниите имаат далеку најмали трошоци, се ангажираат далеку најмали инвестициони средства, енергијата е оптоварена со најмали оперативни трошоци, дистрибуцијата на енергијата има далеку најмали загуби на енергија и на крај трансформацијата на природниот гас во корисна енергија на прагот на нејзината потрошувачка се врши со највисок коефициент на енергетска трансформација“, изјави Груевски. /крај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

