Економија
Фармацевтската фела тврди: Измените на Законот за лекови ќе направат непроценлива штета
Измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински помагала ќе направат непроценлива штета доколку бидат имплементирани без претходно да се даде повеќе време и уште еднаш да се разгледаат состојбите во државата и реалните можности за донесување на еден ваков предлог закон, сметаат од Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки.
Од групацијата на фармацевтите додаваат дека пред да се донесе законот, треба да се формира комисија и сите засегнати страни активно да работат на изготвување на сеопфатна анализа.
„Бараме целосно да изостане членот од законот со кој правното лице кое врши промет на големо со лекови и правното лице кое врши промет на мало со лекови да не смеат да бидат капитално управувачки или роднински поврзани. Укажуваме дека трето лице не може да дава насоки, ниту обврзувачки законски елементи за менување на сопсвеничката, управувачката или организациската структура на правно лице кое е основано со приватен капитал. Ваквата законска одредба нема економски ефект за никој, а напротив кај тие фирми, кај кои веќе постои капитална поврзаност во истите со години се инвестирало, преземени се договорни обврски, вклучувајќи и банкарски кредити со домашни и странски банки, банкарски гаранции, коишто зависат и од сопственичката структура. Доколку се реализира ова, постои реална можност стотици вработени да останат без работа“, се вели во реакцијата на Групацијата на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки.
Според нив, спорна е и одредбата со која се предвидува правно лице регистрирано според Законот за трговски друштва, кое врши промет на големо со храна, пијалаци, тутун и нафтени деривати да врши промет на големо и со лекови.
„Со ова се поставува прашањето дали надлежноста на бензинска станица се поистоветува со дејноста на веледрогерии и аптеки. Односно се дава простор на гранки кои имаат друга основна дејност да ја зголемат можноста за заработка на сметка на веледрогериите и аптеките на кои основана дејност им е промет и издавање на лекови. Во поглед на заштита на граѓаните и нивното здравје се остава простор при издавање на лекови од страна на вработените во продавници за храна, пијалаци и тутун или бензински пумпи да се направи грешка при издавање и да се издадат фалсификат лекови но и да се остави простор за злоупотреба на купените лекови“, велат од фармацевтската фела.
Во врска со отворањето на аптеки во руралните средини, тие предлагаат наместо лицата кои имаат пет организациони единици, аптеки, на територијата на Република Македонија, обврска да отворат една аптека или аптекарска станица во населено место во рурална средина да имаат оние со 15./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

