Економија
Сараќини: Реформите во рударство носат нови инвестиции
Министерството за економија останува и понатаму фокусирано на секторот минерални суровини. И во 2014 година, со спроведување на реформите во секторот рударство, се очекува да дојде до подобрување на целокупната економска ситуација на Република Македонија, што значи отварање на нови работни места и отварање на нови производни капацитети.
„Владата на Република Македонија на 27 јануари 2014 година, донесе 26 одлуки, од кои, 20 за детални геолошки истражувања и 6 одлуки за експлоатација на минерални суровини. Вкупниот приход, што инвеститорите треба да го уплатат во рок од 30 дена е 35 милиони денари, од кои 27 милиони денари претставуваат приход за општините“, истакнал министерот за економија Сараќини, додавајќи дека за сите локации, за прв пат во Министерството за економија се спроведе е-аукција, односно електронско наддавање што претставува резултат на последните измени на Законот за минерални суровини, при што се обезбеди поголема транспарентност при нивното доделување.
Како најатрактивни локации, министерот ги посочи локациите за истражување на металични минерални суровини, злато, сребро и бакар, но исто така и локации за истражување и експлоатација на неметалични минерални суровини, како и за украсен камен (како што се за гранит, мермер и др).Со доделување на овие 26 локации, во наредните 5 години се очекува да бидат инвестирани 700 милиони денари, но и да се отворат околу 150 нови работни места, имајќи во предвид дека за една концесија се отвараат 4 нови работни места.
„Согласно измените на Законот за минерални суровини, кој се наоѓа во собраниска процедура, со проспекциските геолошки истражувања, се дава можност да се доделат големи простори до 5000м2, кои концесионерите може да ги истражуваат на начин на кој ќе се добијат проспекциски сознанија за постоење на резерви на конкретна на минерална суровини на тие простори. Овие истражувања се особено применливи доколку се сака да се добијат податоци за присуство на нафта и други видови на енергетски и минерални суровини, но исто така се доста значајни и за истражување на металични минерални суровини.По завршување на проспекциските истражувања, концесионерот има право да поднесе барање за доделување на концесии за детални геолошки истражувања за најмногу до 2,5 % од доделената површина за проспекциски истражувања“, информирал министерот.
Присутните концесионери, ја поздравија иницијативата и поддршката што ја добиваат од Министерството за економија, поготово измената на законот за минерални суровини која се однесува на електронската аукција, бидејќи доделувањето на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини за прв пат се врши на еден најтранспарентен начин односно преку наддавање./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

