Економија
Сараќини најави засилени инспекциски контроли за заштита на потрошувачите

Министерот за економија Ваљон Сараќини во понеделник одржа работна средбата со претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Марјана Лончар – Велкова, во врска со имплементација на Законот за заштита на потрошувачите и проблемите со кои се среќаваат потрошувачите.
Најголем број на претставки, барања за совети и забелешки кои биле поднесени од потрошувачите се однесуваат на областите јавни услуги (електронски и телекомуникациските услуги, меѓу кои фиксна и мобилна телефонија, кабелска телевизија и интернет услуги), топлинска енергија, електрична енергија, комунални услуги (испорака на вода, подигање на смет и сл.) Во делот на малопродажбата поплаките се однесуваат конкретно на гаранциите на производите и сервисирање, декларација, несоодветно означување на попустите – распродажбите и неквалитетен производОва го покажале пдоатоците од Извештајот на Народниот правобранител на, како и статистиката на ОПМ и Државниот пазарен инспекторатСпоред Извештајот на Народниот правобранител, потрошувачките права се на второ место како критична област за која граѓаните побарале заштита, а според податоците на ОПМ во 2013 година од страна на граѓаните стигнале дури 2.621 претставка од страна на потрошувачите, од кои најголем број се однесуваат во доменот на општоправните советувања во делот на јавните услуги. Државниот инспекторат за пазарна инспекција во текот на минатата година извршил 2.734 редовни, 337 контролни и 105 вонредни инспекциски надзори по Законот за заштита на потрошувачи, при што за утврдени неправилности поднесени се 34 барања за поведување на прекршочна постапка до надлежни основни судови и 64 барања до прекршочната комисија. Донесени се 53 решенија во управна постапка.На состанокот се дискутираше и за улогата на институциите вклучени во системот на заштита на потрошувачи кои што делуваат не само согласно Законот за заштита на потрошувачи, но и врз основа на другите закони, улогата на Советот на заштита на потрошувачите, улогата на НВО секторот и други субјекти вклучени во заштитата на потрошувачите, сѐ со цел да се согледа нивната меѓусебна комуникација и зајкнување на системот на заштита.Министерот Сараќини со цел преземање зајакнати мерки и активности за зајакнување на соработката помеѓу субјектите кои со закон се надлежни за заштита на потрошувачите и надзорните органи кои вршат инспекциски надзор на пазарот, а со тоа и поголема заштита на потрошувачите согласно законот, иницираше засилени инспекциски контроли во наредниот период, особено во делот на јавните услуги и малопродажбата, односно на најкритичните сегементи во кои се загрозени правата на потрошувачите, како и формирање на нов Совет за заштита на потрошувачи, со нов проширен состав, во кој ќе бидат вклучени сите инволвирани страни. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.