Економија
Груевски: Домашните и странските компании да ги унапредат релациите
Поврзување и унапредување на бизнис релациите на македонските компании со странските компании и зголемување на можноста што повеќе домашните компании да бидат добавувачи на странските производители во Македонија.
За ова стана збор на форумот „Бизнис поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, кој се одржа во понеделникот во Скопје. Обраќање на форумот имаа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сараќини. Премиерот Груевски истакна дека ова средба преставува уште еден чекор на Владата за изградба на подобри бизнис релации и поголема соработка меѓу компаниите кои што функционираат во Македонија.Тој порача домашните компании да ја интензивираат соработката со странските вложувачи, оценувајќи дека бенефитот од тоа ќе биде двостран и огромен, како што се помали трошоци за производство, транспорт и увоз, заштеда на време, размена на технологии, знаења и вештини, поголема конкурентност, освојување нови пазари, реинвестирање.„Бенефитот од ваквото партнерство се огледа во повеќе сегменти и полиња, најпрво користењето на услуги и репроматеријали од домашните компании во споредба со увозот на истите од странски држави значи директно намалување на трошоците производство и зголемување на додадената вредност на производите кои се произведуваат во Македонија. На тој начин директно се намалуваат трошоците за транспорт од подалечните земји и секако се одбегнуваат трошоците за царина“, рече ГруевскиТој додаде дека меѓу клучните интереси на Република Македонија и на Владата е фирмите кои работат во државата да бидат што поуспешни и со поголема заработка.Од друг аспект, успешноста на фирмите во голема мера значи задоволство на вработените и менаџерите и нови работни места, а пак, од аспект на државата, доброто работење на фирмите значи нови странски инвестиции, подобар животен стандард и задоволство кај македонските граѓаните, наведе Груевски.„Да се работи во Македонија денес значи големи придобивки кои треба да се искористат до максимум, нашата позиционираност како земја со ниски даноци, добро образована и квалитетна работна сила, ниски трошоци за производство, многу поволности и даночните олеснувања ги прават домашните компании конкурентни и посакувани како партнер во многу сегменти, истакна Груевски.Тој додаде дека Владата останува доследна на заложбите за отвореност кон бизнис заедницата.„Нашата мисија останува иста, водењето бизнис во Македонија да биде лесен, брзорастечки и профитабилен процес. Во такви околности напредок и развој ќе има секоја компанија што работи и опстојува тука“, рече Груевски.Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески апелира во комуникацијата меѓу домашните и странските компании, активно да се вклучат и банките и финансиските институции со цел обезбедување поволни кредити. „Клучно е прашањето како македонските компании подобро да се интегрираат во синџирот на странски фирми, како макроекономските ефекти да се преточат на микро ниво, во зголемување на додадената вредност од присуството на странските вложувања, рече Ставрески.Според него странските и домашните компании, укажа треба да бидат компатибилни, а не да си конкурираат. Вицепремиерот Владимир Пешевски повика соработката на домашните и странските да стане една од клучните сегменти.Домашните фирми да ги воведат технологиите, менаџирањето, истражувањето и развојот на бараното ниво. Тоа веројатно ќе се случува во наредните 20 години, но патот мора да се изоди, да се направи првиот чекор, рече Пешевски. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,380%, кај дизелот за 2,624%, кај екстра лесното масло за 2,351% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4252%.
Економија
Работилница на македонската и грчката регулаторна комисија за енергетика: во фокусот поврзувањето на пазарите за електрична енергија
Регулаторното искуство во поврзување на пазарите за електрична енергија беше фокусот на третата заедничка работилница помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY).
“Откако се донесе Законот за енергетика, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници кои работат интензивно на подзаконската регулатива што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да започне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес.“ посочи Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентираа регулаторните чекори кои што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар, нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад со цел размена на регулаторна експертиза.
Економија
Божиновска со концесионерите во Прилеп: Развојот на рударството продолжува со јасни правила, повисоки стандарди и поголема контрола
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Прилеп одржа заедничка работна средба со најголемите концесионери од регионот, посветена на актуелните состојби во рударскиот сектор, предизвиците со кои се соочуваат компаниите и можностите за понатамошен развој.
На состанокот присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини. Во отворена дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
„Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор“, истакна Божиновска.
Концесионерите ја поздравија иницијативата за почести директни средби со институциите, оценувајќи дека ваквиот пристап овозможува побрзо решавање на отворените прашања и подобра координација во секторот.
На средбата беше потенцирана и потребата од засилен инспекциски надзор на терен, при што беше нагласено дека отворањето на новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на континуиран дијалог со индустријата, со цел создавање стабилна деловна средина, одржлив економски раст и јасни придобивки за локалните заедници.

