Економија
Советот за регионална соработка ја врачи наградата Првак на регионална соработка за 2013 година
По повод шестгодишнината од работата на Советот за регионална соработка (RCC) генералниот секретар на организацијата, Горан Свилановиќ ја додели наградата „Првак на регионалната соработка“ за 2013 година на Регионалниот центар за развој на претприемачките компетенции на земјите од Југоисточна Европа (SEECEL), а наградата ја прими директорката на овој центар, Ефка Хедер.
„SEECEL е награден за својот активен и динамичен пристап во регионалната соработка, поддршката кон женското претприемништво во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и за улогата на координатор на димензијата каде ќе се даде значаен придонес за реализацијата на столбот за стратегијата за раст и отворање на нови работни места во регионот ЈИЕ до 2020 година“, рекол Свилановиќ.
„За SEECEL е огрмона чест да биде награден со наградата „Првак на регионалната соработка““, изјавила Хедер за време на доделувањето на наградата.
„Повеќе од кога и да е сме определени да продолжиме со промоцијата на општествата кои се добро запознаени со претприемништвото, како и со зајакнувањето на регионалната соработка во Југоисточна Европа. Препознавањето на напорите кои SEECEL ги вложува, како и значењето на наградата на Советот на регионалната соработка ни дава дополнителен поттик за остварувањето на заедничките цели“, додала Хедер.
Наградата „Првак на регионална соработка“ се доделува на поединци или институции за кои Секреторијатот на Советот за регионална соработка и неговиот генерален секретар сметаат дека во текот на претходната година, највеќе придонела за развојот на регионална соработка во ЈИЕ. Наградата се доделува втора година по ред.
Секретаријатот на Советот за регионална соработка и оддал признание и на Јелица Миниќ, поранешен заменик на генералниот секретар на Советот, за промоција на соработката во Југоисточна Европа за време на нејзиниот ангажман во оваа организација.
Одборот на Советот за регионална соработка истовремено во Сараево го оддржа и својот прв состанок во 2014 година. Генералниот секретар на членовите на Одборор им го претставил извештајот за активностите на Секретаријатот на Советот во периодот од октомври до ноември 2013 година, и ги известил за наредните планови.
Во извештајот се става акцент на реализацијата на Стратегијата и програмите за работа на Советот за регионална соработка во периодот од 2014-2016 година и стратегијата ЈИЕ 2020, како нивен основен елемент, која е подготвена во координација со Советот, а која министрите за економија на регионот ја усвоиле во ноември 2013 година.
Целта на стратегијата е до 2020 година во регионот да се отворат милион нови работни места, при што главен акцент ќе биде ставен на индустријата за храна и пијалаци, и секторот на туризам како приоритетна област на соработката.
Одборот е известен и за 14тиот координациски состанок на Тројката (Романија која во моментов е претседавач, Албанија и Македонија) на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Секретаријатот на Советот за регионална соработка и Европската унија, кој беше оддржан во средата.
Одборот на Советот за регионална соработка се состанува три пати годишно, а со него претседава генералниот секретар на Советот. Одборот на Советот дава оперативни насоки и го надгледува работењето на организација. Тој се состои од оние учесници на Советот за регионална соработка која учествува во буџетот на Секретаријатот на Советот, како и Европската унија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи, на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила.
„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.
Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.
Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.
Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата“, реагира вицепремиерот.
Економија
ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Македонија и Албанија
Македонија и Албанија заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.
Финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, оваа Програма ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со стандардите на ЕУ за одржлив развој и регионална интеграција до 2027 година.
Дополнително на промоцијата, беше најавен и предстојниот повик за предлози во рамките на програмата ИПА 3, поканувајќи заинтересирани страни да учествуваат во оваа Програма.
„Оваа иницијатива не само што се фокусира на клучни области како што се еколошката одржливост и социо-економскиот развој, туку исто така претставува клучен чекор кон нашата конечна цел за интеграција во ЕУ. Токму денеска најавуваме дека новиот повик за предлози ќе биде отворен многу наскоро, обезбедувајќи можности за конкретни и клучни проекти“, изјави Алтин Зечо, директор за конвергенција и кохезија со ЕУ, Државна агенција за стратешко планирање и координација на помош (САСПАК).
Зечо дополнително истакна дека членство во ЕУ бара зголемена соработка помеѓу нашите две земји, каде координирањето на заеднички политики и меѓусебната поддршка за постигнување на нашите цели и приоритети кон интеграција во ЕУ останува важен процес.
Вулнет Арифи, шеф на одделот за ЕУ и координатор за СБС, при Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија, ја истакна улогата на Програмата во забрзувањето на аспирациите за членство во ЕУ.
„Со изградба на основите поставени од ИПА 2, оваа Програма не само што ја проширува соработката меѓу земјите, туку и повеќе ги усогласува нашите регионални политики со стандардите на ЕУ, отворајќи го патот за нашето очекувано пристапување. Претстојниот повик за предлози дополнително ќе ги активира нашите заедници да се ангажираат длабоко со нашиот процес на интеграција во ЕУ“, изјави Арифи.
Брисеида Ѓоза од Антена канцеларијата Северна Македонија – Албанија го истакна целосниот пристап на програмата: „ИПА 3 е детално креирана за да ги зголеми нашите регионални капацитети за исполнување на критериумите на ЕУ, фокусирајќи се на климатска отпорност, одржлив туризам и зачувување на културното наследство. Ги охрабруваме заинтересираните страни да се подготват за претстојниот повик, кој ветува дека ќе ги зајакне нашите заеднички напори.“
Ова стратешко вложување од ЕУ преку Програмата ИПА 3 е доказ за постојаните напори на Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, испраќајќи директна порака за нивното патување кон европската интеграција.
Економија
Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.
Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.
Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.
Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.
Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.