Економија
Дел од научните лабoратории ќе се користат за комерцијални цели

Половината од 80-те од научни лабoратории, за кои што Владата во изминатиот период обезбедување на најсовремена опрема, во иднина ќе се користат и за комерцијални цели, односно ќе им бидат достапни на компаниите за нивни потреби.
Ова во четвртокот го истакна владиниот портпарол Алекдандар Ѓорѓиев информирајќи за текот на реализацијата на капиталниот проект за „Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност”, кој стартуваше во 2010 година.Вкупно 1,6 милијарди денари или околу 26 милиони евра вложени се досега од страна на Владата за 80 лаборатории на високообразовните институции и јавните научни установи.Станува збор за лаборатории кои нудат бенефиции за научната јавност и за студентите, но и за стопанството во целина. До овој момент првата цел од проектот за овозможување на поддршка на научно-истражувачката и високо образовна дејност е комплетно заокружена, односно покрај тоа што овие лаборатории се поставени во научно-истражувачките и високообразовни установи, истите активно се користат во рамките на практичната настава и се од корист за студентите и професорите, рече Ѓорѓиев.Тој дополни дека втората цел на проектот е комерцијализација на овие лаборатории, односно нивно ставање во функција на бизнис заедницата и на стопанството, да може да бидат користени за цели на бизнисот и да овозможуваат поддршка на економскиот развој. Кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, Владата доби мислење од Институтот за акредитација дека четириесетина од овие 80 лаборатории покрај употреба во научни и образовни цели може да се употребуваат и во комерцијални цели односно да бидат ставени во функција на бизнис заедницата и да служат за задоволување на потребите на стопанството, информира Ѓорѓиев. Министерството за образование и наука во соработка со институциите и установите на кои овие лаборатории им се доделени за работа отпочна процес на акредитација, преку кој сите овие лаборатории во соодветна постапка ќе добијат документ дека со нивните технички способности може да бидат употребувани во издавање на сертификати и тестови за потврда на квалитет на материјали, постапки и останати процедури кои се од интерес за бизнис заедницата. Акредитацијата носи позитивни резултати, пред сé признаеност на тест извештаите и сертификатите кои се издаваат, во светски рамки, а со тоа и поголема употреба од страна на домашните компании.Може да истакнеме дека покрај неколку лаборатории кои веќе претходно имаат добиено акредитација, останатите 32 лаборатории кои се погодни за комерцијализација веќе го отпочнаа процесот на стекнување на акредитација на лабораториите. Се работи за лаборатории кои би давале услуги на компании од областа на градежништвото, металургијата, нафтената индустрија, екологијата, медицината, фармацијата, биохемијата, електрониката, текстилната индустрија, енергетиката, минералните суровини и други дејности, рече Ѓорѓиев.Согласно планот, сите овие лаборатории треба да бидат акредитирани и ставени во функција на бизнис заедницата и стопанството кои имаат потреба од нив најдоцна до крајот на оваа година, при што согласно динамичкиот план, некои од овие лаборатории ќе бидат акредитирани веќе кон крајот на вториот квартал од 2014 година што значи дека веќе кон крајот на вториот квартал од годината некои од овие лаборатории ќе може да бидат употребувани од страна на компаниите за нивни потреби.Лабораториите нудат услуги коишто во минатото во земјата биле тешко достапни за компаниите, а сега како ресурс ги имаме во Македонија, што значи дека за многу тестови и сертификати во иднина компаниите нема да имаат потреба да одат да вршат испитувања во странство туку тоа ќе го прават тука во земјата, со што ќе заштедат во време бидејќи резултатите ќе ги добиваат побрзо, а ќе заштедат и во пари затоа што нема да имаат потреба за трошоци за транспорт.Согласно анализите, испитувањата кои ќе се вршат во домашните лаборатории ќе бидат од 2 до 4 пати поевтини во однос на испитувањата кои се прават во странство. На пример, Лабораторијата за обликување со деформација и брзи прототипови инсталирана на Машински факултет за услугата за испитување на механичките карактеристики на лимени материјали има цена од околу 15 000 денари или околу 230 евра, а истата услуга во западноевропските земји чини 450 евра плус трошоци за транспорт. Проценките и анализите покажуваат дека со комерцијализацијата на лабораториите, со нивната дејност и со услугите кои ќе ги нудат, институциите на кои им се доделени ќе ја повратат инвестицијата за набавка на лабораториите во рок од 3 до 5 години. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.