Економија
Разгледани плановите за развој на туризмот во националните паркови
Комитетот за туризам го разгледа напредокот на повеќе тековни чија цел е унапредување на условите за развој на туризмот во поедини региони од земјата, обезбедување на подобра туристичка понуда на ниво на целата држава, модернизација на туристичките капацитети и обезбедување на услови за развој на нови туристички содржини.
На седницата, со која претседаваше премиерот Никола Груевски, се разгледуваа акциските планови за развој на туризмот во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер. Околу развојниот план за НП Галичица беше дискутирано за можностите за унапредување на условите за летен и зимски туризам на овој простор и плановите за инвестиции во туристичката инфраструктура на овој потег, со цел креација на туристичка содржина која ќе ги обединува потенцијалите на охридското и преспанското подрачје. Во акцискиот план за туристички развој на НП Маврово беа анализирани можностите за предвидување на поголем број на нови локации за туристички сместувачки локалитети и капацитети од класичен и алтернативен тип, можностите за инвестиции во хотели и мотели, како и за предвидување на нови содржини и туристичка понуда кои би обезбедиле развој на детскиот туризам, медицинскиот туризам, спортскиот туризам и туризмот за повозрасна категорија на граѓани. За НП Пелистер стана збор за подобрување на инфраструктурата од интерес за туризмот во овој парк, но и за модернизација на туристичката понуда преку изградба на нови основни и помошни објекти за развој на туризмот во овој предел. Посебен акцент беше ставен на разгледувањето на извештајот за состојбата на автокамповите на крајбрежјето на Охридското Езеро, кој содржи и предлози и експертиза за понатамошен развој и модернизација на камповите. Беше презентиран целосен и сеопфатен извештај од страна на стручната работна група за состојбата на секој автокамп поединечно, задоволувањето на стандардите од областа на туризмот во рамките на секој камп, можностите за развој на камповите. Притоа, од страна на стручната група во која партиципираат и странски експерти со меѓународно искуство во извештајот се содржат и препораки и правци за развој на секој од камповите во насока на обезбедување на полна стандардизација, но и на можности за предвидување на нови содржини во рамките на секој камп кои обезбедуваат подобра туристичка понуда, и предвидување на нови сместувачки капацитети во рамките на поедини автокампови. Исто така, во извештајот се содржат и препораки за специјализирање на поедини кампови за специфичен вид на туризам, со конкретни предлози за инфраструктурно уредување на истите кампови, воспоставување на нови содржини во нив и промоција на новите можности.Беше разговарано и за повеќе други тековни проекти и нивниот прогрес како што се процесот на развој на ловниот туризам, лобирањето за привлекување на нови странски туристи од нови пазари преку државните субвенции за привлекување на странски туристи, можностите за промоција на Македонија на светските туристички настани и повеќе други теми.За сите овие придвижувања во спроведувањето на тековните проектите кои беа тема на дневен ред на седницата, во соодветна процедура и врз основа на препораките на Комитетот за туризам ќе расправа и Економскиот совет на Владата и Владата на Република Македонија на седница. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

