Економија
Инфлацијата во еврозоната падна на 0,5 отсто

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во март падна на 0,5 отсто, спуштајќи се на најниско ниво од ноември 2009 година, кога рецесијата беше во кулминација, процени денеска европскиот завод за статистика.
Претходно во февруари, годишната стапка на инфлацијата во еврозоната изнесуваше 0,7 отсто.Гледано по главните елементи на хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), најизразен раст на цените во овој месец забележан е во сегментот услуги, од 1,1 отсто. Следат прехранбените производи, алкохолните пијалоци и тутунските производи, чии цени пораснале за 1,0 отсто.Цените на индустриските производи речиси стагнираа, со стапка на раст од 0,3 отсто, во споредба со 0,4 отсто во минатиот месец.Најмногу пак во тековниот месец поевтини енергијата, за 2,1 отсто, со што е продолжен трендот на силен пад на нејзините цени на годишно ниво, кои во февруари паднаа за 2,3 отсто.Овие податоци би можеле да ја поттикнат Европската централна банка (ЕЦБ) на нови мерки за да ја отстрани опасноста од дефлација. Редовниот состанок закажан е за четвртокот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Уште два работни дена да поднесете и да платите ДДВ за овој даночен период

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 1 до 31 август.
Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток).
„Бидете одговорни даночни обврзници. Исполнете ги обврските навреме и одржувајте солидна даночна историја, на тој начин избегнувате дополнителни трошоци, камати и санкции“, велат од УЈП.
Досега, од очекуваните 7.748 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 2.057, што е близу 27% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ – 04 пријава. Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.
Навременото поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: е-Пошта: [email protected] Телефонски броеви: Од фиксна линија: 0800 33 000 Од мобилен телефон: 02 3253 200
Економија
Во Кавадарци за мерката за самовработување пристигнати 132 апликации

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставници на бизнис-секторот во Кавадарци.
Ристески пред присутните ги презентираше главните мерки на министерството за економија и труд за поддршка на стопанството и претпријатијата, како и мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.
„Навистина сум задоволен од големиот интерес кои граѓаните и компаниите од Кавадарци го покажаа за мерките од Оперативниот план, каде само за мерката за Поддршка за самовработување (претприемништво) се пристигнати 132 апликации. Голем интерес покажаа и компаниите за поволностите кои се нудат во мерките од оперативниот план, каде за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ аплицирале 67 компании за поддршка за отворање на 72 нови работни места, додека за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ аплицирале 10 компании за 15 нови работни места. Големиот интерес е доказ дека во Кавадарци и Тиквешкиот регион има голем потенцијал за економски раст и развој и ние и понатаму ќе ги поддржуваме компаниите во овој процес“, кажа заменик-министерот Ристески.
На средбата присуствуваа и Даниела Димовска, в.д. директор на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Весна Пешова, заменик-директор на Агенцијата за вработување, кои на присутните им ги презентираа програмите за работа на нивните институции и мерките кои им стојат на располагање на граѓаните, занаетчиите и компаниите.
Градоначалникот Јанчев на средбата потенцираше дека како општина секогаш даваат поддршка на сите позитивни мерки кои придонесуваат за развој на домашната економија и го развиваат претприемачкиот дух кај младите лица.
Економија
Цената на златото достигна рекордно високо ниво

Цената на златото се зголеми за 0,22 проценти утрово достигнувајќи рекордно високо ниво од 3.184 евра (3.755 долари) за унца во 9.30 часот наутро по средноевропско време.
Цената на златото се движеше помеѓу 2.150 евра (2.536,91 долари) и 3.184 евра (3.755 долари) за унца во текот на изминатите 12 месеци, што е зголемување од 42,8 процента. Пазарните очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД) силно влијаеја врз цените на стоките, особено на златото.
По инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп, ФЕД ги намали каматните стапки за 0,25-процентни поени минатата недела. Пазарите очекуваат уште едно намалување на стапките на следните состаноци на ФЕД во октомври и во декември.
Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференцијата објасни дека каматните стапки се намалени поради слабоста на пазарот на трудот, но исто така предупреди дека инфлацијата е сè уште висока и дека се очекува дополнително да се зголеми поради воведувањето царини.