Економија
ЕП изгласа неутралност на мрежата и укинување на роаминг услугите

Интернет провајдерите веќе нема да можат да блокираат или забават одредени услуги поради економски или други причини, стои во најновата одредба на Европскиот парламент (ЕП), содржана во Телекомуникацискиот пакет на ЕУ за 2014 година.
Европратениците гласале и за укинување на трошоците за роаминг услугите од една во друга земја на ЕУ, од 15 декември 2015 година се вели во соопштението на ЕП.
„Денешното гласање е сериозен чекор во насока на зајакнување на единствениот пазар на телекомуникации на ЕУ” , изјавил координаторката за Телекомуникацискиот пакет при ЕП, Пилар Дел Кастиљо, додавајќи дека „Европарламентот сака да ги отстрани роаминг трошоци за телефонски повици, СМС пораки и мобилен интернет до 15 декември 2015 година и сака да го подобри управувањето на спектарот за да се развие 4G и 5G мрежата во цела Европа”.
„Ние постигнавме дополнителни гаранции за зачувување на пристапноста до интернетот, потоа гаранции за можноста на корисниците да користат апликации и услуги по нивен избор, како и засилување на улогата на интернетот како основен двигател на конкурентноста, економскиот раст, вработувањето, социјалниот развој и иновациите” , рекла таа, откако нејзиниот извештај бил одобрен со 534 гласа „за” , 25 гласа „против” и 58 гласа „воздржани”.
Со новите одредби во Телекомуникацискиот пакет, интернет провајдерите ќе продолжат да имаат можност да нудат специјализирани услуги со повисок квалитет, како „video on demand” и исклучително важни за бизнисот „cloud” апликации, доколку тоа не е „штетно по достапноста и квалитетот на услугите за пристап до интернет”, понудени на други фирми или услуги.
Европратениците ја намалиле и листата на Европската комисија за „исклучителни” случаи, во кои провајдерите ќе имаат право да го блокираат или забават пристапот до интернет.
Според членовите на ЕП овие практики треба да бидат дозволени само кога станува збор за исполнување на судски налог, зачувување на безбедноста на мрежата или спречување на привремено оптоварување на мрежата.
Доколку се користат такви „мерки за управување на сообраќајот”, тие треба да бидат „транспарентни, недискриминаторни и пропорционални” и „не треба да се користат подолго отколку што е потребно” , сметаат европратениците.
Членовите на ЕП нагласиле дека пристапот до интернет треба да се обезбедува во согласност со принципот на „неутралноста на мрежата” , што значи дека се што е дел од интернет сообраќајот треба да се третира подеднакво, без дискриминација, ограничувања или надворешно мешање, независно од неговиот испраќач, примач, вид, содржина, уред, услуга или апликација.
Пратениците го прифатија и текстот со кој се наметнува забрана на роаминг трошоците ( дополнителни трошоци за телефонски повици, СМС пораки и мобилен интернет во друга земја членка) во рамките на ЕУ од 15 декември 2015 година, со предупредување дека доколку се констатираат злоупотреби со роаминг услугите, по исклучок ќе можат да бидат наметнати дополнителни трошоци./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот