Економија
Министрите на Г7 тврдат дека Европа е заложник на зависноста од рускиот гас
Европа уште со години ќе биде оптоварена со зависноста од рускиот гас, заклучија во вторникот во Рим министрите за енергетика на групата седум индустриски најразвиени земји Г7, осудувајќи го користењето на енергијата како средство за политички притисок.
„Не познавам никого на светот кон би можел да ни каже европската зависност од увозот на рускиот природен гас би можела да се промени во краток временски период”, изјави за медиумите на маргините од римската средба германскиот министер за економија и енергетика, Зигмар Габриел.
На средбата во Рим во време на ескалирање на украинската криза, министрите за енергетика на земјите од групата Г7 порачаа дека се „крајно загрижени поради влијанието на енергетската сигурност врз развојот на настаните во Украина, што е последица на руската повреда на украинската суверенот и територијален интегритет”, се наведува во заклучоците, пренесува Reuters.
Министрите ветуваат дека ќе ја подобрат енергетската ефикасност, ќе развијат поширока мрежа за снабдување со енергија, вклучително и течниот природен гас (LNG), обновливите извори на енергија и новите гасоводи, како и ќе ги развијат и зајакнат постојните инфраструктури за снабдување.
Додаваат, меѓутоа, дека не постојат моментални алтернативни решенија. Не се очекува дека американскиот гас од шкрилци ќе ѝ биде на располагање на Европа пред крајот на оваа деценија, кога ќе биде можно да се увезува со танкери како LNG.
Италија и Франција повторно ја нагласија својата поддршка за проектот за рускиот гасовод Јужен ток, со која гасот од Русија би се довезувал во Европа заобиколувајќи ја Украина, но истовремено укажаа на потребата од изградба на алтернативен правец.
Третина од гасот кој се увезува во Европа доаѓа од Русија, а половината од тоа транзитно се носи преку Украина, којашто со рускиот енергетски гигант „Газпром” не може да се договори околу цената, како и поради долгот од веќе неколку милијарди американски долари.
Завршната изјава на министерскиот состанок на Г7 од Рим е концентрирана на потребата од диверзификација на енергетските извори и изградба на гасна инфраструктура. „Одадени сме на покренувањето на системски и трајни чекори со цел да се подобри енергетската сигурност на национално, регионално и на глобално ниво”, порачуваа министрите во завршната заедничка изјава.
На состанокот не беа донесени одлуки за заострување на санкциите за припадниците на рускиот политички врв, како и за компаниите, а таа одлука ќе ја донесат министрите за надворешни работи и претседателите на владите на земјите од Г7. Американскиот министер за енергетика Ернест Мониз, меѓутоа, изјави дека челниците на групата Г7, доколку ситуацијата во Украина и натаму се заострува, согласно со договорот ќе продолжи зајакнувањето на санкциите против Русија.
Меѓутоа, за разлика од САД и Велика Британија, Германија го става акцентот на дипломатијата.
Британскиот министер Ед Дејвиј изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ја минал линијата” и дека на состанокот на Г7 е донесена „стратешка одлука за соочување со руското користење на енергијата како оружје”.
Но неговиот германски колега Габриел истовремено вели дека секое долгорочно решение на енергетскиот проблем мора да се заснова на дијалогот. „Само техниките промени на енергетскиот пазар нема да бидат доволни. Тој процес треба да го следат дипломатијата и политиката, како и договори за спогодбите меѓу партнерите”, порача Габриел.
И покрај политичките односи кои не ветуваа брзо решение, земјите како Италија, којашто речиси целосно зависи од увозот на енергија, настојуваат да гои прошират изворите за снабдување. Така, покрај Јужен тек, Италија сега уште поголема важност му придава на Трансјадранскиот гасовод (ТАР), преку кој гасот од Азербејџан би се довезувал во Италија, и разгледува моќност поврзување на гасоводите со регионот на источното Средоземје.
Италија, исто така, настојува покрај трите постојни да изгради уште најмалку три дополнителни терминала за течниот гас, за да увезува гас од САД, иако Американците нема наскоро да бидат во состојба да го извезуваат ваквиот гас.
„Првиот проект ќе биде подготвен кон крајот на 2015 година, додека шест терминали се во план, но е бидат готови до крајот на деценијата”, изјави во Рим американскиот министер за енергетика Ернест Мониз./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

